Сцена од игралишта низ Скопје – постари деца го газат твоето, се „пентарат“ по лулашки, родителите си пијат кафе

Секое одење на игралиште ми се крева притисокот од некултурата не само на децата, туку и на родителите. Малку поголеми деца се „пентарат“ нагоре по лизгалки, додека твоето дете културно чека ред да се спушти, се качуваат со нозе по лулките кои и така се полууништени, се газат едни со други преку ред, а од родителите ни трага ни глас додека си го пијат кафето и си муабетат.

scena-od-igralishta-niz-skopje-postari-deca-go-gazat-tvoeto-se-pentarat-po-lulashki-roditelite-si-pijat-kafe-01.jpg

Со душа чекав детето малку да ми потпорасне за да може да одиме на игралишта и да ужива во безгрижната игра, а истовремено да биде активна и да поминува време на воздух.

Но, како поминува времето, веќе понекогаш почнувам да ги избегнувам намерно, затоа што се ужаснувам од некултурата на дел од посетителите – како на децата, така и на возрасните. Чест на исклучоци секако. 

Посебно за време на летниот распуст, игралиштата се полни со деца, но не само со помалите чие место е таму, туку и со многу поголеми, кои повеќе ги уништуваат реквизитите и прават неред наоколу.

Вчера бев сведок на ситуација кога девојче се качи со нозе на лулашка и со сета сила ја клатеше и онака веќе разлабавената и искривена лулка која потоа не може да ја користи никој затоа што е нефункционална. Мајката стоеше пред неа, никој ништо не ѝ кажа.

scena-od-igralishta-niz-skopje-postari-deca-go-gazat-tvoeto-se-pentarat-po-lulashki-roditelite-si-pijat-kafe-02_copy.jpg

Две деца се „пентареа“ по лизгалката нагоре, додека други дечиња културно и уредно чекаа горе да се спуштат по неа, како што доликува и како што е наменето да се користи.

Трети деца фрлаа камчиња по скалите за другите да се лизнат додека се качуваат – немаше кој да ги види и да им каже дека тоа не е во ред.

Неодамна го посетивме истото игралиште со другарка која живее во Словенија и не можеше да се помири со сцената што ја виде, што ѝ беше шок во споредба со игралиштата таму.

Прво, сите игралишта се заградени и безбедни, второ, околу лулашките и лизгалките задолжително има мека подлога за разлика од нашите кои се откорнати и има огромни камења кои се ризик за повреда, трето, наменети се и категоризирани за одредени возрасти и никој не ги демолира реквизитите.

scena-od-igralishta-niz-skopje-postari-deca-go-gazat-tvoeto-se-pentarat-po-lulashki-roditelite-si-pijat-kafe-03.jpg

Да знам, ова не е Европа, ама толку ли е тешко барем родителите да си ги контролираат децата што прават? Или бабите, дедовците, тетките, чичковците, со кого и да се отидени...

Јасно ми е дека децата се деца, дека се безгрижни, понекогаш и несвесни за последиците, сакаат да пробуваат и да експериментираат, да си играат и не може да се обвинат целосно, но тие не се сами таму (барем повеќето од нив), туку со некој што треба да им укаже како не треба да прават.

Не мора да им бдеете над глава доколку е детето поголемо и способно само да си игра, а некогаш знам дека е и тешко да разберат што им се зборува, но бидете во близина, набљудувајте што прави и приклучете се кога ќе забележите дека нешто не е соодветно, па барем обидете се да го спречите. 

Вашата работа не е само да го однесете детето на игралиште за самото да си игра постојано без никаков надзор, а вие да си пиете кафе и муабетите или да седите на телефон без да погледнете како се однесува или уште полошо, да гледате, а да не реагирате. 

Вие сте тука за да го учите детето на култура, на ред, на почит кон сите останати, на соодветно однесување и користење на реквизитите.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg