„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од партнерите
„Пет години бевме заедно и веќе имавме две деца, кога дознав дека сопругот ме лажел за смртта на неговата најстара ќерка.
Кога почнавме да се гледаме сериозно, ми кажа мене, но и на целото негово семејство, дека ќерката што ја добил кога бил тинејџер, а која била дадена на посвојување, загинала во сообраќајка.
Имаше и убедлива, реална приказна за тоа што се случило.
По околу 5 години, почна пак да комуницира со мајката на девојчето, а по некое време дојде дома со фотографија од 10-годишно девојче - ќерката за која лажел дека загинала.
На крајот, јас им кажав на неговите дека детето е живо, зашто тој одбиваше да им каже, велејќи дека не е нивна работа.
Одамна не сме заедно, преку 10 години, но јас и понатаму чувствувам огорченост кон него“.
„Партнерот ме лажеше за возраста.
Не дека е помлад 1-2 години од она што е, туку 9. Дознав случајно и го оставив“.

„Се преселив од Индијана во Охајо поради мојата девојка. Знаев дека има ќерка од претходно, и не ми пречеше.
Но еден ден, решив да ѝ помогнам со испраните алишта, и додека ги редев облеките од тројцата на нивното место, во нејзината фиока со чорапи најдов многу фотографии од деца.
Кога ја прашав кои се, ми призна дека родила 7 деца, но дека има старателство само над ќерката што живее со нас“.
„Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му.
Но, една вечер ме одведе во бар за да ми каже дека не може да преспие кај мене затоа што неговата свршеница доаѓала од друг град да го види нивниот нов стан, во кој ќе живеат по свадбата“.

А. Ј. | Црнобело
