Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разбираше, ниту јас него“
Не разбираше како ми изгледаат деновите кои се исти еден на друг, како правам исти работи и како запаѓам во рутина.
Не разбираше каква радост ми правеше одењето на фризер или нокти, и дека тоа ми е исто како терапија.

Ниту јас не разбирав многу работи:
Не ги гледав тивките борби за кои никој не зборува, не ја гледав тежината која ја носи маж што има деца и семејство.
Не ја разбирав претераната работа и умор потоа. И што стои зад тоа.

А сето тоа водеше кон една цел.. Да му обезбеди на своето семејство добар живот, бидејќи тоа се борби за кои мажите не зборуваат.
Тоа е товар кој они го носат и ни требаа многу разговори за да се разбереме сосема.
Да сфатиме дека се дополнуваме, дека сме тим дека нашата заедничка цел се тие – и ние.

И затоа зборувајте... Зборувајте, зборувајте!
Не ги одложувајте разговорите и не осудувајте додека не сфатите што се крие во позадина.

И не заборавајте дека сте ТИМ, дека сте СЕМЕЈСТВО!“


С. С. | Црнобело
