„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со двете деца“
Она што го гледаш: Излегување во аквариум.
Она што не го гледаш: Издржавме 10 минути пред мојот сопруг да го носи нашето расплакано дете во раце надвор, иако плативме повеќе од 100 долари за влез.

Она што го гледаш: Вечера во убав ресторан.
Она што не го гледаш: Децата изедоа по 3 помфритчиња. Нивната исхрана за остатокот од патувањето: грицки, макарони и уште помфрит.

Она што го гледаш: Забава на божиќниот пазар.
Она што не го гледаш: Достигнав лимит на преоптовареност и комплетно се исклучив. Се карав со сопругот и бев резервирана кон децата во остатокот од ноќта.

Она што го гледаш: Забавен танц во бањарки.
Она што не го гледаш: Почувствував дека ова е првиот смирен, среќен момент од целиот ден.

Она што го гледаш: Слатка сцена на божиќниот пазар.
Она што не го гледаш: Бев целосно преплавена од вина бидејќи сакав да биде забавно, но се чувствував како „сурова мајка“ цело време, преговарајќи за секоја ситница и фрустрирана.

Ако некогаш сте патувале вака со мали деца, само запомнете: Ова е сосема нормално. Сепак, на крајот сè уште е магично. Еден ден ќе се сеќавате само на убавите моменти, но во меѓувреме не дозволувајте социјалните мрежи да ве измамат“.
С. С. | Црнобело
