„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“
Јени почнала да го носи син ѝ во градинка и вели дека не ѝ било јасно зошто другите мајки плачеле кога ги оставале нивните деца.
„Се поврзав со Ашер, но понекогаш уште жалев што станав мајка – чувство што ми се чинеше дека го имав само јас“.
Но, Јени не била свесна дека всушност страдала од постпородилна професија.
Дури откако син ѝ наполнил една година, а таа станала пренатален терапевт, сфатила што ѝ се случува.
„Ги погледнав симптомите и ми стана јасно дека имам голем дел од нив. Но, дури и со официјална дијагноза ми беше тешко.
И покрај тоа што Џејмс (партнерот) беше трпелив и добар, сепак бев несреќна“.
По некое време се разделиле со Џејмс, а тогаш тој ѝ предложил тој да се грижи за детето, додека Јени да си ја подобри состојбата.
„Почувствував вистинско олеснување кога ги слушнав неговите зборови. Ова ми беше шанса да го добијам просторот што ми треба.
Знаев дека син ми Ашер е добро згрижен со дадилка, пријатели и семејство. И, најважно е што знам дека има прекрасен татко и дека ќе биде безбеден и сакан“.
Набрзо потоа, кога Ашер имал две години, Јени и Џејмс се договориле тој да има целосно старателство, а таа да го гледа само за викендите.
„Мислев дека ќе биде одлично, но реалноста беше поинаква. Џејмс го носеше Ашер кај мене во сабота, а по напорна недела на работа бев толку уморна, што не можев да уживам во времето што го минувавме заедно.
Едвај чекав да заврши викендот и поради ова се чувствував ужасно, виновно“.
По некое време, Јени почнувал аа се прашува дали воопшто може да се нарекува мајка. Поминала цела година давејќи се во чувство на вина и тогаш сфатила дека мора да промени нешто.
„Си ја признав болната вистина – ми треба повеќе време само за мене, без работа или син ми. Ако имав повеќе денови да се грижам за мене, тогаш ќе бидам подобра мајка за Ашер“.
Па, наместо осум, Јени почнала да го гледа Ашер шест дена месечно. Иако ова им го подобрило односот, вели дека чувствата на вина само се засилиле.
По две години, Јени се уверила дека овој план е најдобар за неа и за син ѝ.
„Знам дека многу луѓе не го разбираат ова. Светот ни кажува дека кога ќе станете мајка, треба да жртвувате буквално сè за вашето дете, без разлика колку несреќни ве прави ова.
Но, не е така едноставно. Тоа што имам повеќе време за мене ме прави посреќна, посмирена жена, а со тоа ме прави и подобра мајка.
Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете. Но, кога жена го прави ова, таа е чудовиште. Ова е глупав двоен стандард и сакам да му се спротивставам“.
Јени останува на ставот дека нејзиниот син, кој сега има пет години, е среќен.
Спирова С. | Црнобело
