6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата)
Не ги игнорирајте проблемите на детето и сфатете ги сериозно
Дури и ако вам ви личи тоа бесмислено, за детето може да е голема работа, па наместо да го посрамотите или омаловажите, пронајдете начин да направите некоја споредба со ваши искуства или да дадете совет како да се справи со проблемот.

Не раскажувајте на сите тајни (или обични работи) што ви ги доверува детето
Колку и да е невино и забавно, раскажувањето по пријатели и роднини нешто со што детето ви се доверило, прави во иднина тоа да крие работи од вас, посебно кога тоа го правите пред други луѓе и го срамите, игнорирајќи му ги емоциите.

Првото прашање по градинка/школо нека не ви биде „како си помина?“
Кога децата се преоптоварени со нешто и мозокот им е „прегорен“, нема да ви се отвори веднаш, ако веднаш штом го видите го прашате како си поминало.
Дајте им малку време да се ослободат од стресот, да ги соберат впечатоците и емоциите, а во текот на денот низ опуштен разговор полесно ќе ви кажат работи кои инаку би ги прикриле.

М. М. | Црнобело
