Психологот Ивана Хаџиванова: „Ризик да бидат жртви на булинг се деца кои се воспитани да бидат тивки и несигурни – се плашат да кажат дома“ (видео)

„Ризик да бидат жртви на булинг се деца коишто се воспитани да бидат потивки, поповлечени и се несигурни. Не кажуваат дома, бидејќи, прво имаат страв дека насилството може да се влоши, доколку го кажат тоа, и ја заземат позицијата на предавници нели, 'тужибаби' таканаречени“ - вели во подкастот на д-р Чадиковски, психологот Ивана Хаџиванова. 

psihologot-ivana-hadjivanova-rizik-da-bidat-zhrtvi-na-buling-se-deca-koi-se-vospitani-da-bidat-tivki-i-nesigurni-se-plashat-da-kazhat-doma-video-01.jpg

Во медицинскиот подкаст на д-р Владимир Чадиковски, гостуваше психологот и психотерапевт Ивана Хаџиванова.

Меѓу многуте други теми кои се спомнаа, како поважна се одвојува булингот на децата, тема што во последно време станува за жал сè почеста во реалноста кај нас. 

Во разговор со д-р Чадиковски, Ивана појаснува што е булинг, но и кои деца имаат предиспозиции да бидат задевани.

„Булингот е континуирано повторувачко насилно однесување кое е свесно и намерно, има за цел да се наштети на одредено лице, дете.

Постојат сторители на насилство, деца сведоци и жртва. Кога ќе слушнат булинг мислат физичко насилство, но има повеќе форми.

Вербално насилство е кога детето се понижува и исмејува јавно, се навредува, психолошко-емоционално во кое детето се заплашува, подложно е на закани и социјално, релациско, покрај лаги и невистини, исклучување од групата.

Тука е и сајбер-булингот, не смееме да го заборавиме, исмејување по социјални групи, исклучување, споделување слики, видеа...“ - вели таа. 

На прашањето, како да забележиш кое дете од 30 деца има потенцијал да биде жртва, а кој да биде насилни, Хаџиванова вели:

„Ризик да бидат жртви на булинг се деца коишто се воспитани да бидат потивки, поповлечени, можеби имаат пониска самодоверба, се несигурни, потешко се снаоѓаат во конфликти ситуации.

Или пак, можеби, дечиња коишто се различни или се перципирани како различни, независно дали по изглед, по развојна потешкотија...

Физичкиот изглед апсолутно може да влијае, статус, физички изглед...“

Зошто молчат? Зошто дома да не кажат? - прашува д-р Чадиковски, а Ивана одговара:

„Доживуваат страв, уплашени се, се чувствуваат социолошки загрозено, чувствуваат срам, може да чувствуваат и вина, беспомошност, немоќ.

Прво имаат страв дека насилството може да се влоши, доколку го кажат тоа, и ја заземат позицијата на предавници нели, 'тужибаби' таканаречени“.

Погледнете го целото гостување:

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Кога децата ќе пораснат мајката се моли Бог да го чува она што таа веќе не може Децата сега се возрасни. Имаат свој пат по кој треба да одат, свои грешки што тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg