Српски педијатар открива – дали од ладниот сладолед може да ги заболи грло децата?

„Ладниот сладолед не може да го воспали грлото на здраво дете. Тоа е потполно јасно. Тоа може да го направат бактерии, вируси или микроорганизми. Не чини често да се јаде за детето да не се ‘навлече’ на него, па потоа нема да сака други работи. Но, за грлото, немајте грижи“ - вели српски педијатар.  

srpski-pedijatar-otkriva-dali-od-ladniot-sladoled-mozhe-da-gi-zaboli-grlo-decata-01.jpg

Во летниот период, родителите на мали деца често ги мачи едно прашање – дали е во ред да се дава ладен сладолед?

Постои верување дека ако децата јадат ладен сладолед, може потоа да ги заболи грло и да настинат.

Но, дали е тоа вистина или станува збор за мит?

Depositphotos_236279602_L_2.jpg

Српскиот педијатар, д-р Горан Вукомановиќ, дава одговор на ова прашање:

„Сладоледот е намирница која не е штетна заради температурата, кога се консумира повремено и во мали количини. Проблем е шеќерот во сладоледот. Не треба да се претера заради шеќерот.

Ладниот сладолед не може да го воспали грлото на здраво дете. Тоа е потполно јасно. Тоа може да го направат бактерии, вируси или микроорганизми.

Доказ за тоа е фактот дека после операција на крајници, на децата им даваат сладолед да го изладат тоа грло кое е заради операцијата воспалено.

Така што сладолед да, но умерено и да се внимава на шеќерот, а не на тоа дали е ладно“.

Во друга прилика, за сајтот mojpedijatar.rs, во секцијата за прашања од родители до педијатар, било поставено слично прашање: 

„Може ли детето понекогаш да изеде сладолед, не целосно смрзнат, туку благо стопен, но секако ладен. Прашувам за дете од 2 и пол години.

Дали тоа значи дека веднаш ќе го заболи грло?“

Depositphotos_491816596_L_2.jpg

Одговорот од специјалистите по педијатрија, д-р Татјана Вукомановиќ и д-р Горан Вукомановиќ, гласи:

„Понекогаш МОЖЕ да изеде сладолед. Од сладолед НЕ се добива воспаление на грло, туку од вируси и бактерии.

Не чини често да се јаде за детето да не се ‘навлече’ на него, па потоа нема да сака други работи. Но, за грлото, немајте грижи“.  

Depositphotos_548225566_L_2.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...

Најчитани неделава