Добиле илјадници негативни пораки, а возвратиле со љубов (видео)

Фирмата Honey Maid на почетокот на минатиот месец  ја прикажала рекламата „This is wholesome“ во која го претставиле своето гледање на семејството.

dobile-iljadnici-negativni-poraki-a-vozvratile-so-ljubov-01

Со оглед на тоа што сакале да ја прикажат слободата и љубовта без граници, пречки и предрасуди, во рекламата се појавиле различни семејства: хомосексуалци, мешани бракови на бел маж и црна жена, тетовирани панк родители со мало дете.

Очекувано било дека рекламата нема да биде позитивно прифатена од сите, но не се очекувало ниту тоа дека ќе пристигнат илјадници негативни коментари и критики.

Сепак, како добри маркетинг стручњаци, решиле тоа да го искористат на креативен начин.

Повикале две дизајнерки со кои ги отпечатиле сите пораки на посебни листови кои ги виткале во ролни и ги лепеле една до друга додека не го добиле посакуваниот ефект на испишаниот поим за љубов.

Токму ова дело предизвикало пет пати повеќе позитивни коментари, што ги довело до уште една идеја.

Ги испечатиле и позитивните пораки, ги виткале во ролни и повторно ги лепеле околу негативните.

На тој начин ги пополниле сите празни места, но покажале дека сепак, љубовта е над сѐ.

Погледнете го видеото со над 2 милиони прегледи:

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Вистинските мажи не плачат! Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момч...
Драг мажу... Жал ми е што го добиваш она што останало од мене на крајот на денот, исцедена... „Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натега...
За да го казнат син им, го присилуваат да прави склекови – Родители критикувани за начинот на воспит... Во ТикТок видео кое стана вирално се гледа како татко го казнува својот син тера...
Наде Молеровиќ со апел за родителите на тинејџери: „Кога последен пат ги прашавте што им се врти во ... „Тинејџерот денес ретко има простор едноставно да биде тоа што навистина е, без ...

Најчитани неделава