Мојата ќерка - мојата прекрасна грешка

Новинарката Луси Кларк во изминативе 30 години пишувала за многу магазини, а сега одлучила да ги открие своите најинтимни семејни приказни.

mojata-kerka-mojata-prekrasna-greska-01.jpg

Таа напиша текст во кој отворено зборува за нејзината ќерка, проблемите кои ги имала во адолесценцијата и чувството на вина кое го имала до пред извесно време.

„Мојата ќерка за малку немаше да заврши средно училиште. Две години повторуваше, често не ги завршуваше задачите и не се придржуваше до правилата. Падна на многу поправни испити и го потроши трпението на многу професори.

Бојни писма пристигаа на домашна адреса. Во нив секојдневно ги читавме прекршоците. По неколку години, престанавме да ги отвораме писмата.

На нејзините професори им беше тешко, а на нас родителите уште потешко. Но, на никој не му беше потешко од неа.

Секој ден од нејзиното школување беше борба. Наутро едвај се будеше и самото излегување од дома и делуваше како огромна планина на која треба да се искачи. Често пати не го совладуваше предизвикот.

Некои денови не ни успевала да стигне до училиштето. Седела сама во паркот, прашувајќи се зошто ова е толку тешко за неа, додека нејзините пријатели ги прифаќаат сите работи нормално.

Често пати дури и ја наоѓаа како плаче во близина на училиштето.

А кога успевала да стигне до училницата, борбата да ги ислуша сите часови била нов предизвик. Анксиозните мисли се множеле и до неа никако не допирале зборовите на професорите.

Еднаш, во момент на екстремната ранливост ми кажа дека се чувствува премногу лошо што е зад нејзините врсници и што секојдневно се бори против нагонот да си го одземе животот.

Една возрасна личност и кажа дека „ништо во животот нема да биде полесно од годините поминати на училиште“, но јас знам многу лица кои баш како мојата ќерка едвај се бореа да ги преживеат тие денови.

Што ја спаси? Пријателите. Професорите кои ја разбираа.

Додека во училиштето изгуби сè што можеше, нејзиниот социјален живот беше богат. Многу родители не го разбираат тоа, но токму тие пријатели и беа важни за да преживее.

Што може да биде поуспешно од меѓучовечките односи?

Моето девојче не можеше да изгледа ниту еден натпревар, затоа што не можеше да го поднесе фактот дека некој ќе биде прв, некој втор, некој трет, а некој ќе заврши на последно место.

Во образовниот систем, моето девојче одамна престана да се натпреварува. Сега таа е од оние кои стигнуваат последни, речиси невидливи и неразбрани од сите останати. Сепак, реши дека ќе стигне до целта.

Како и многу деца на нејзини години, таа се плаши од непознатото. Што ќе биде? Како ќе биде? Сите сакаат да го знаат одговорот на овие прашања кога имаат 17 години. Притисокот е ужасен, а крајот премногу напорен.

Но, целта за моето девојче е постигната. Сите свои грешки ги понесе со себе додека се мачеше со екстремната анксиозност.

Ако тоа не е посветеност, ако тоа не е храброст, ако тоа не е триумф, не знам што е.

Денес ми прати порака кога заврши со последниот испит - „Штотуку завршив!!!“

Знам како олеснување чувствуваше, но морав да и кажам - „Не, драга девојко, штотуку почна. Слободата е тука и знам дека ќе бидеш добро.“

Мојата ќерка, мојата најсакана грешка, ме научи како поинаку да гледам на успехот. Во моментов, не можам да бидам погорда!“

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg