10 Родителски совети кои треба да ги игнорирате и 1 коj мора да го послушате

На новите родители им е најтешко. Тие не само што чувствуваат притисок од сите страни, туку и не можат да излезат на крај со сите оние цитати на „мудрости”, кои секој ден ги слушаат.

10-roditelski-soveti-koi-treba-da-gi-ignorirate-i-1-koj-mora-da-go-poslusate-1

Од вашата мајка, свекрва, кума па сѐ до сосетката спроти вас, сите ви зборуваат за најдобрите начини на воспитување на детето.

Некогаш е најдобро само да се насмевнете и да ги игнорирате сите упатени совети, а такви се следниве:

1. Држете се до строг распоред на хранење

Првите неколку месеци, вашето бебе ќе се храни по желба, односно ќе јаде тогаш кога ќе посака. Голем број мајки се загрижени околу редовниот распоред, но ако му допуштите на бебето само да си го одреди тој распоред, ќе имате доволно време да поставите рутина.


2. Сечете ги ноктите на бебето додека спие

Често е потребно многу време додека бебето не потоне во сон, па затоа оваа идеја не е баш најдобра. Наместо тоа, заиграјте го детето со играчки и свртете му го вниманието кон нешто друго. Така на пример, денес ќе ги исечете ноктите од едната рака, а утре од другата.


3. Мора сѐ да дезинфицирате

Точно е дека бебињата се нежни и мора да бидете свесни за сите бактерии, но далеку од тоа дека треба секој ден темелно да ја чистите куќата. Освен тоа, најновите истражувања покажуваат дека доколку бебето првите две недели е изложено на „нормални” бактерии, шансите да има алергија или астма се намалени. Исто така, подобро е да користите сапун и вода, отколку антибактериски производи.


4. Не го изложувајте детето пред монитор додека не наполни 2 години

Секако дека не е во ред да го оставите целиот ден пред екранот, но постои место и време кога е во ред да му дозволите малку време пред монитор. Апликациите на телефонот или таблетот поврзани со учење преку игри и цртани, се одлични за надградувањето на детето.


5. Бебето мора да го бањате секој ден

Бањањето е корисен дел од бебешката рутина, но ако е дојдено времето за спиење, а вие не сте го избањале нема потреба да се грижите. Земете влажни марамчиња, за бебето да биде чисто, а следниот ден избањајте го.

10-roditelski-soveti-koi-treba-da-gi-ignorirate-i-1-koj-mora-da-go-poslusate-2

6. На бебето кое учи да оди потребни му се чевличиња

Немојте да брзате да купувате чевличиња за бебето кое штотуку започнало да проодува низ дневната соба. Кога вашето бебе чекори во затворен простор, босите нозе му дозволуваат да има подобра рамнотежа на подот и така ја зголемува својата самодоверба. Почекајте додека бебето не се чувствува безбедно и сигурно на нозете, па дури потоа купете чевли, до тогаш можете да користите чевли со мек ѓон.


7. Кога на бебето ќе му пораснат запчиња, престанете со доење

Првите запчиња се појавуваат околу шестиот и седмиот месец, но тоа може да се случи и порано. Доколку на вашето бебе запчињата му израснат порано, не треба да престанувате со доење. Ако сакате и понатаму да го доите, тоа е ваша одлука. Немојте да се грижите за повреди на дојката, бидејќи доколку бебето правилно ја прифати, такво нешто нема да се случи.


8. Заборавете на чувството на вина

Без разлика дали станува збор за враќањето на работа или начинот на кој го кревате детето, секогаш ќе постои чувството на вина во животот на една мајка. Трикот се состои во тоа да ја прифатите вината, а потоа да откриете зошто така се чувствувате. Тоа ќе ви помогне да запомнете дека вината секогаш ќе постои заради фактот што вие се грижите за детето.


9. Купете сѐ пред да се породите

Воопшто не е тешко да се отиде во продавница и да се „исцеди” кредитната картичка мислејќи дека сѐ што сте купиле ќе ви биде потребно за бебето, уште пред да се роди. Но, реалноста е поинаква, вам ви се потребни неколку неопходни работи во кои можете да инвестирате на самиот почеток, а другото веројатно ќе го добиете од пријателите и семејството.


10. Нека плаче/Нека не плаче

На темата плачење постојат илјадници совети, но само еден стручен: Игнорирајте сѐ она што другите ви кажуваат на оваа тема и правете го она што мислите дека е најдобро.


Советот кој треба да го послушате: Следете ја својата интуиција

На крајот, сепак вие сте тие кои знаете кој совет треба да го послушате, а кој да го игнорирате. Следете ја својата интуиција и сѐ ќе биде во ред. 

Би можело да ве интересира:

Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg