Најчестите грешки на младите родители

Повеќето новопечени родители навистина имаат тешкотии соочувајќи се со првите родителски чекори, а особено до втората година на детето.

najcestite-greski-na-mladiote-roditeli-1

Ако очекувате дете или веќе имате, погледнете кои грешки на младите родители се вбројуваат како најчести и избегнете ги со цел да си овозможите подобро искуство како родители.

Постојан стрес

Дали е бебето гладно? Дали е наспано? Не сака да јаде, а зошто не сака да јаде? Уште милион прашања може да се наведат во оваа низа кои родителите си ги поставуваат во текот на првата година, а резултатот се знае: губење на трпение, стрес и нервоза.

Иако е нормално да се грижите за доброто на вашето мало, нема потреба од паника и претерана грижа.


Го будите бебето за да го храните

Според стручњаците, малите бебиња треба да јадат на секои 2 до 3 часа, но тоа никој не му го кажал на вашето бебе. Па затоа, оставете го да спие, бидејќи тоа самото ќе се разбуди кога ќе биде гладно. Ако педијатарот ви потврди дека сѐ е во ред, уживајте во сонот.


Ја игнорирате оралната хигиена

Често родителите ја игнорираат оралната хигиена, бидејќи сметаат дека додека бебето нема заби, нема причина зошто да водат грижа. Стручњаците советуваат дека оралната хигиена започнува да се води уште од првата година и пред појавата на првите запчиња.


Крут распоред на спиење

Некои родители веруваат дека ако го држат детето будно во текот на целиот ден, ќе спие во текот на целата ноќ. Иако тоа функционира кај возрасните, сепак не мора да значи дека ќе функционира и кај децата. До првата година не правете распореди за спиење, бидејќи детето ќе спие кога ќе му затреба сон.


Игнорирање на врската

Повеќето парови целосно го игнорираат и запоставуваат својот брачен живот, особено во првата година кога ќе се роди бебето. Сепак, од голема важност е да имате барем мала количина на интимно време само за вас двајца. Сигурно ќе најдете некој да го почува вашето бебе додека вие поминувате квалитетно време. 

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава