Станав мајка на 14 години. Еве што научив од ова искуство

За жал, сè почести се прераните сексуални односи кои го уништуваат детството на младите. Меги, која сега има 18 години има една ваква животна приказна.

se-porodiv-na-14-godini-eve-sto-nauciv-od-ova-iskustvo-01.jpg

Таа се породила кога имала само 14 години, а сега, 4 години подоцна, открива што научила од ова искуство.

„Мојата приказна е малку чудна, поинаква. Никогаш порано не сум размислувала за секс. Родителите ми беа разведени, па имав можност често да се запознавам со партнерите на мојата мајка. Веројатно тоа влијаеше да стекнам по малку чудна слика за љубовта и партнерските односи.

На 13 години ја изгубив невиноста. Спиев со некој на кој наивно му верував и мислев дека сум заљубена. Потоа мислев дека сите кои сакаат да спијат со мене се заљубени и ме сакаат. Зошто така мислев, сè уште не знам.

Гледајќи назад, бев премлада. Не ни имало потреба воопшто да размислувам за секс.“

Само 1 година подоцна, во тоалетот Меги гледала во тестот за бременост кој покажал две розови црти.

Останала бремена на 14 години. Била млада и не знаела што ја чека. Но, одлучила да го задржи бебето, иако била потполно сама во тоа.

„Се сеќавам на првиот гинеколошки преглед. Докторот ми рече - честитам, а јас само празно и збунето гледав во него.“

se-porodiv-na-14-godini-eve-sto-nauciv-od-ova-iskustvo-02.jpg

„Да можам да го вратам времето наназад, би му кажала на 14-годишното девојче да почека, дека нема потреба никаде да брза. Цел живот е пред неа, има време и за момчиња и за секс, иако тоа во некои моменти делува посебно важно. Би и кажала дека тие безгрижни денови многу ќе и недостасуваат.“

Меги вели дека откако станала мајка многу работи се промениле. Сега има потполно поинаков поглед кон светот, но сепак посакува да го добиела тој поглед кон светот неколку години подоцна.

„Им советувам на сите девојчиња да почекаат додека не бидат доволно зрели, пред да се носат со последиците од сексот, и емотивно и физички.“

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава