Непријатни појави во бременоста за кои сите трудници молчат

Ако сè уште не сте станале мајка, тогаш сигурно ќе наседнете на оние убедувања дека ќе бидете прекрасна трудница, со чиста кожа и симпатични хормонални испади.

najgroznite-pojavi-vo-bremenosta-za-koi-site-trudnici-molcat-01.jpg

Но, жените кои веќе родиле добро ја знаат вистината. Токму затоа, решија да ги откријат најнепријатните појави за кои никој никогаш нема да ви зборува.

Проблематична кожа

Иако некои жени можат да издржат цели 9 месеци без ниту едно мозолче, повеќето трудници се борат со многу алергии и мозолчиња, баш како во времето кога биле тинејџерки. Се појавуваат секаде, на секое неочекувано место.


Носот е најголемиот непријател

Освен постојаното течење на носот, тој ќе има супер моќи за време на бременоста. Тогаш секоја жена е способна да препознае кој што јадел и пиел, што не секогаш е предност. Плус, колку и да сте гладни за некое јадење, неговиот силен мирис секогаш може да ве предомисли.


Телото се предава

Болките во главата, грбот, стегањето на срцето, и болките во препоните и нозете ќе бидат секојдневие. Очекувајте вртоглавици секогаш кога ќе се туширате со топла вода и чувство како целиот стомак да ви се превртува.


Амнезија и чуден вид на деменција

Ќе плачете на реклами, ќе направите скандал затоа што го нема омиленото чоколадо и ќе бидете лути за нешто што сте си измислиле дека се случило. Но, често ќе ви откажува и мозокот, па нема да можете да се сетите на важни информации или да ги довршите сопствените реченици.


Испуштање гасови по цел ден

Збогувајте се со манирите, затоа што гасовите ќе ви станат секојдневие. Заради витамините и додатоците ќе ви се создаваат дополнителни гасови кои ќе мирисаат повеќе од вообичаено, па веројатно ќе ви се гади од самите себе.

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“ „Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчи...

Најчитани неделава