Признание на една мајка: Ја научив мојата ќерка да мрази!

Мразењето не е нешто што треба да им го пренесеме на нашите деца, но блогерката и мајка Сани Шанел мисли дека некои видови омраза може да бидат добри и здрави.

priznanie-na-edna-majka-ja-nauciv-mojata-kerka-da-mrazi-01.jpg

„Бљак! Гадно!“ Тоа се зборовите кои 7-годишната ќерка на Сани ги извикува секој пат кога ќе види сендвичара за брза храна. Повремено, дури и им го плази јазикот на тие што продаваат.

Но, тоа не е единствената работа која и предизвикува гадење.

Кога на улица ќе види човек како пуши, таа не само што осудува со поглед, туку ги става рацете преку устата и носот за чадот да не допре до нејзиниот организам.

Од драматичните дела на девојчето сите остануваат зачудени и збунети, па затоа нејзината мајка решила да ги разјасни работите.

„Да, ова е мое дело. Затоа што беше доволно зрела да разбере што и зборувам, ја научив да има презир кон некои лоши и нездрави работи. Кога гледаме некоја реклама за брза храна, јас ја предупредувам на опасностите кои хамбургерот и ги носи. Кога некој пуши, и ја објаснувам опасноста која чадот ја содржи за околината и за нејзиниот оргазам. Сите овие корисни совети и ги дадов суптилно, така што не морам постојано да повторувам една иста приказна. Сама разбира што сакам да кажам“, истакнува Сани.

Исто така, таа ја научила да го мрази секое малтретирање, суровоста, загадувањето и насилството.

„Тоа е моја должност како родител, да ги тргнам децата од лошите и негативни влијанија кои може да им наштетат или да ги убијат. Да го мразиш злото кое ја нарушува хармонијата во светот е сосема нормален процес преку кој децата прават разлика помеѓу доброто и лошото“, додава таа.

„Целта на ова мое воспитување не е да го исперам мозокот, туку да и дадам упатства за среќен и здрав живот. Меѓутоа, да ги учите децата да мразат некој поразличен од себе - тука станува ризично. Тој вид на омраза никогаш не смее да се промовира“, заклучува Сани.

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава