Никој не дошол на роденден кај аутистичното дете, па мајката побарала помош на Фејсбук

Глен Бурати е 6 годишно детенце од Флорида. Тој има аутизам и епилепсија. Пред извесно време требало да го прослави неговиот роденден и по тој повод неговата мајка поканила 16 дечиња од неговиот клас, но никој не се појавил.

nikoj-ne-dosol-na-rodenden-kaj-autisticnoto-dete-pa-majkata-pobarala-pomos-na-facebook-01

Нејзиното срце било скршено, па решила маката да ја сподели на Фејсбук и да побара помош. Откако го прочитале тоа, 15 деца и нивните родители во околина на местото, се организирале да го изненадат на најнесекојдневен и неочекуван начин.

Заедно со локалните пожарникари и полицајци, тие му купиле разни подароци, но пристигнале и со вистински пожарникарски камиони, полициски автомобили, па дури и мал хеликоптер од кој пилотот му мавтал на Глен.

На неговата радост ѝ немало крај, а доживувањето било незаборавно. Имал можност да се запознае одблизу со сите оние кои ги гледа само на телевизија или во книгите.

Сето она што на секое дете му изгледа фантастично и сонува за еден ден да ги види и допре сите тие камиони, опрема, автомобили, Глен го доживеал за својот роденден.

Споделувањето на проблемот, понекогаш може да го реши на најдобар и најнеочекуван начин.

Вака го изненадиле:

Извор

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава