Исхрана кај децата: 4 Грешки кои можеби ги правите

Детската исхрана често знае да претставува проблем со кој се соочуваат голем број на родители, па токму и затоа може да дојде до правење на некои грешки.

ishrana-kaj-decata-4-greski-koi-mozebi-gi-pravite-1

Кога се во прашање децата ништо не е толку едноставно како што изгледа, па дури и стандардното хранење кое го правите секој ден.

1. Го поттикнувате детето да јаде што повеќе

Секако дека родителите ова го прават со најдобри намери, но сепак колку повеќе го терате детето да јаде. толку повеќе оваа навика може да предизвика проблеми со телесната тежина. Затоа, дозволете му на детето да престане со јадењето тогаш кога ќе се чувствува дека му е доволно.


2. Ја празните цела тегла со детска храна

Некои родители сметаат дека успешното хранење на детето подразбира празнање на целото шишенце или тегла со детска храна. Но, всушност вие само треба да ги следите сигналите кои детето ви ги испраќа. Кога не сака да јаде, не го терајте со сила, туку подоцна пробајте пак.

ishrana-kaj-decata-4-greski-koi-mozebi-gi-pravite-2

3. Десерт како награда

Користењето на храна, особено слатки како награда за добро завршена работа може да има одличен ефект. Често се мисли дека токму на тој начин се развиваат добри прехрамбени навики кај децата, но од друга страна пак, не е добро детето да го врзувате исклучиво за наградата слатки. Следниот пат направете му вкусна овошна салата или сварете му зеленчук и дајте му го тоа како награда.


4. Контролирање на оброците надвор од домот

Кога нешто постојано му забранувате на детето, сè повеќе го сака. Во овој случај тоа е нездравата храна. Наместо да се обидувате да му го контролирате секое залче, во ред е ако понекогаш му купите вкусен сендвич од сендвичара или помфрит со кечап и мајонез. Многу подобро отколку детето да ја консумираа оваа храна секој пат кога вие нема да сте во близина, скришно.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg