17 причини зошто вашата мајка е ваша најдобра пријателка

Може да имате многу пријателки со кои сте поблиски и од сестри, но една е мајката која не може да се замени со ништо друго. Колку и да се карате, да се лутите и спротивставувате, таа е единствената која секогаш и во секое време ќе ви мисли најдобро и ќе ве сака безусловно.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-01

Постојат најмалку 17 причини поради кои вашата мајка е ваша најдобра пријателка:

1. Таа ги дава најдобрите совети

Иако ви звучи безначајно, почнувајќи од советите да не се карате со браќата и сестрите, да го изедете зеленчукот во чинијата или да си легнете порано, па сè до оние совети во моментите на тешки одлуки. Таа знае најдобро да ве посоветува зошто да се одлучите за едната, а не за другата опција.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-1.jpg


2. Нејзиниот гардеробер е како ваш

Многу често знаете да си размените некое парче облека или да ги позајмите нејзините чевли. Иако можеби вкусовите и стиловите ви се различни, знаете многу нејзини стари фустани да ги редизајнирате и да си ги носите.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-2.jpg


3. Таа ви ги знае сите симпатии

Уште од најмала возраст знаеше пред кое другарче од градинка поцрвенувате или поради кого не можевте да учите во училиште, на кого му пишувавте тајни пораки или со кого разговарате сега до долго во ноќта.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-3.jpg


4. Таа знае апсолутно сè
за вас

Нема нешто што може да скриете од неа колку и да се трудите. Може и таа да не ви признае дека знае како се чувствувате, но доволно е само да ве погледне и да знае дали ви сјаат очите од среќа или сте загрижени и гледате изгубено во една точка.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-4.jpg


5. Таа е вашата најголема поддршка

Во кој било момент кога ќе се почувствувате слаби, доволно е само да ѝ се јавите и таа знае точно што треба да направи или да каже за да се почувствувате како највредната и најзначајната личност на светот.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-5.jpeg


6. Таа е ваша најголема заштита

Никогаш не дозволува да бидете повредени и подготвена е да оди против сите за да ве заштити. Таа никогаш нема да ве напушти или да ве остави сами во битките. Дури и кога така ви се чини, таа само е скриена во вашата сенка и подготвена е да нападне во секој момент ако има потреба.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-6.jpg


7. Може секогаш да се исплачете пред неа

Без разлика каква мака имате таа е секогаш тука да ве сослуша. Пред неа може да се исплачете без срам. Таа секогаш ќе ве пречека со топла прегратка и добар збор за утеха.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-7.jpg


8. Можете со часови да разговарате за с
è и сешто

Уживате во долгите утрински разговори за време на викендите со вкусниот појадок и кафе кои ве пречекуваат на маса. Темите за разговор се редат една по една и секогаш дознавате нешто ново или слушате повторно некој стар добар совет и сфаќате колку сте среќни што ја имате.

17-pricini-zosto-vasata-majka-e-vasa-najdobra-prijatelka-8.jpg


Уште 9 причини поради кои вашата мајка ви е најдобра пријателка на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg