9 Работи кои мајките ги прават иако ги гризе совеста

Во процесот на воспитувањето на децата родителите имаат тешка работа, бидејќи секогаш се очекува да имаат совршени решенија, одлуки, постапки...

9-raboti-koi-majkite-gi-pravat-iako-gi-grize-sovest-1

Но, и мајките се само обични жени кои сакаат барем на кратко да се изолираат од светот, вклучувајќи ги и децата.

За таа цел, сите мајки ги прават овие 9 работи, и покрај тоа што чувствуваат грижа на совест:

1. Се сокриваат за да ја изедат последната коцка чоколадо за да не ја делат, бидејќи баш им е потребно тоа количество шеќер.

2. Нестрпливо ги бркаат децата на спиење за да ја гледаат омилената серија во мир.

3. Пуштаат цртани за време на ручекот, бидејќи знаат дека тоа ќе им донесе малку мир после стресниот ден.

4. Тајно ги играат игрите на своите деца со цел да го достигнат последното ниво.

5. Им кажуваат на децата дека продавницата или трговскиот затвора и дека брзо мораат да си одат дома. Тоа е мал трик со кој успеваат без бука да ги изнесат децата од продавницата.

6. Понекогаш ја јадат бонбоната зад каучот, бисквитот од земја или грисините растурени низ чантата.

7. Им кажуваат на децата дека ДВД-то со нивниот омилен цртан е расипано, бидејќи веќе не можат да го гледаат повторно тој ист цртан филм.

8. Доцнат  кога треба да ги земат децата од роденден велејќи дека ги фатило гужва, а всушност изгубиле чувство за време во пиење кафе или зборување по телефон со пријателката.

9. Ги лажат децата дека одат до работа нешто да завршат, а всушност одат на заслуженото кафе со пријателките. 

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава