6 извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка откако и јас станав мајка

Сите мајки ќе се сложат за едно нешто – потребно е да станете родител за да сфатите колку навистина е тешко. Дури тогаш и сами ќе се соочите со сите предизвици на мајчинството и ќе почнете многу повеќе да ги цените и сфаќате своите мајки.

6-izvinuvanja-koi-i-gi-dolzam-na-mojata-majka-otkako-i-jas-stanav-majka-01

Тогаш ќе почувствувате дека им должите извинувања за сите непријатности кои сте им ги приредиле.

Барем еднаш ќе посакате на вашата мајка да ѝ кажете:

1. Се извинувам за својот пубертет, хормоните, нападите на тинејџерско лудило и тоа што се правев паметна. Сега знам дека тогаш не сум знаела сè иако така се однесував.

2. Се извинувам за сите бегања од дома, доцнења, пијанења, ненајавени тетоважи и пирсинзи и за сите расечени фармерки.

3. Се извинувам поради пркосењето, инатењето и превртувањето со очи.

4. Се извинувам поради лошите типови кои ги прифаќав додека ти ме убедуваше дека заслужувам подобро.

5. Се извинувам за сите моменти на бес кога ти кажував дека си лоша мајка, а ти си била онаква каква што ми била потребна. Онаа која ме тераше да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.

6. Најмногу се извинувам поради тоа што мислев дека да се биде мајка е најлесната работа на светот.

Извини, поради тоа што го потценував тоа што го правеше за мене, бидејќи мислев дека тоа е твоја должност, а не знаев дека да се биде мајка е нераскинливо ветување на љубов.

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава