Отворено писмо до мојата идна ќерка: Светот е баш таков каков што ќе го гледаш!

Секоја идна мајка сака нејзиното дете да го израсне на правилен начин во овој неправилен свет. Но, не секој успева во тоа, а истото не секогаш зависи од воспитувањето на родителите, па затоа оваа мајка напишала писмо до нејзината идна ќерка со порака која ќе ве замисли.

otvoreno-pismo-do-mojataidna-kerka-svetot-e-bas-takov-kakov-sto-ke-go-gledas-2.jpg

 „Драга ќерко,

Се надевам дека сè уште ќе постои оваа хартија кога ќе пораснеш бидејќи како што е сè тргнато во правец на технологија, некако ми се чини дека сите сме на добар пат да станеме роботи.

Она што сакам да ти го кажам на почеток е тоа дека сакам да живееш.

Сакам да имаш детство како што имав јас играјќи си во песок, со топка на улица, играјќи криенка со другарчињата од маалото, ако сè уште постојат другарчиња во твое време, наместо да седиш пред компјутер и да си го забавиш развивањето на мозокот прерано.

Ова ти го кажувам бидејќи денешниве деца не гледаат ништо подалеку пред себе освен мониторот.

Оди на прошетки, оди на излети, излегувај, гледај се со луѓето што ги сакаш, зборувај со нив наместо да комуницираш преку социјалните мрежи.

Во поглед на љубовта пази се од идиоти, бидејќи ги има многу. Секогаш ќе се најде некој што сака да те искористи на начин на којшто бил искористен или повреден тој.

Ќе ги препознаеш таквите, бегај од нив, но исто така ќе го препознаеш и оној што вреди да го задржиш.

Него не го испуштај од раце глумејќи недостижна, бидејќи без секој сè може. Во ред е да не бидеш девојка на повик, но кога сакаш да видиш некого, побарај го.

Кога сакаш да му кажеш дека го сакаш, покажи му, кога сакаш да останеш со него, прашај го дали сака и тој, бидејќи денес врските се базирани на чист привремен интерес, обичен секс и пополнување на времето, кршење на монотонијата кога ќе замрзне.

Не останувај со некој кој ќе те сфаќа здраво за готово, секогаш кажувај им дека е готово на таквите кога ќе го забележиш тоа.

Во поглед на пријателството, ретко дека ќе најдеш некој што нема да ти закачи нож во грб, затоа внимавај кому ја даваш сета доверба. Не подарувај скапи подароци на евтини луѓе!

Што се однесува пак до работата, работи го тоа што го сакаш, само така ќе успееш, наместо да работиш во фабрика цел живот за минимална плата со која ќе преживуваш.

Ако е потребно отсели се од државата, само доколку тој пат те води до твоите соништа, за мене не грижи се, јас ќе бидам среќна кога си ти среќна.

А ќе бидеш среќна ако секојдневието ти е исполнето со работни обврски кои нема да ти причинуваат обврска.

Сакам да ти кажам, живеј, секој ден, бидејќи времето е драгоцено, не губи го тукутака и запомни: Светот е баш онаков каков што ќе го гледаш.

Гледај го со свои очи!”

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg