5 извинувања до мојата мајка: Прости ми што пораснав

Во трката на животот, во борбата со времето, често забораваме на оние што ни се најважни. Понекогаш најлошата верзија ја покажуваме само пред најблиските и оние кои најмалку го заслужуваат тоа.

5-izvinuvanja-do-mojata-majka-prosti-mi-sto-porasnav-01

Личноста на која треба да ѝ бидеме најмногу благодарни, често е жртва на нашите грешки. Затоа секоја мајка ги заслужува овие извинувања:

1. Прости ми што не ти се јавував почесто

Знам дека кога тргнував на факултет во друг град ти ветував дека секојдневно ќе се слушаме и нема потреба да се грижиш. Прости ми што се предадов на обврските и забавата па моите повици беа само 2-3 пати неделно. Кога дипломирав, видов колку си горда на мене, но истовремено и загрижена за иднината која јас ја гледав многу подалеку од дома. Tи никогаш не се жалеше за тоа и затоа од срце ти благодарам.


2. Жал ми е што не ги послушав твоите совети за љубовта

Многупати ме предупредуваше да не се заљубувам пребрзо, да не верувам лесно и да не дозволам некој да ме расплаче. Се обидуваше да ме спасиш од неизбежните солзи и скршеното срце. Секогаш ме потсетуваше да бидам силна и независна. Ги игнорирав твоите совети и се препуштав на она што мислев дека е љубов, а ти беше тука по сите разочарувања. Ти благодарам што никогаш не ми рече: „Ти реков“.


3. Прости ми што немав доволно време за нашето дружење

Кога бев мала често одевме на прошетка, сладолед, шопинг и најубаво си поминувавме. Како растев, така сè помалку време наоѓав за тебе, а повеќе сакав да бидам со другарките. Сепак, ти никогаш не ми се налути за тоа и секогаш беше тука кога ми требашe. Затоа, ти благодарам.


4. Прости ми за работите што ти ги правев зад грб

Никогаш не сум била совршена ќерка. Во текот на растењето, правев многу подмолни работи само за да ти се „одмаздам“ што не си ми дозволила нешто. Прости ми поради лошите одлуки кои ги носев, поради тајното составување со момчето и сите работи кои ти ги премолчeв. Ти благодарам што колку и да грешев секогаш беше тука да ме извлечеш и да не ме оставиш.


5. Прости ми што пораснав

Знам дека покрај мене мораше многу работи да поминеш. Мораше и да научиш да се справиш со она што ти го приредував. Требаше да најдеш сила за да ми ја пуштиш раката и да ме оставиш да пораснам и да зачекорам сама. Ти благодарам што ми дозволи да научам нешто за животот и да станам и останам своја личност. Ако еден ден бидам барем половина добра мајка како тебе, моето дете ќе биде најсреќно дете на светот.

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава