5 работи кои ќе ги разберат само паровите кои прават бебе

Ако сте еден од оние парови кои со сите сили се обидуваат во скоро време да добијат бебе, тогаш сигурно знаете дека самата акција во креветот е поблиска со дисциплина, отколку со спонтаност и возбуда.

5-raboti-koi-ke-gi-razberat-samo-parovite-koi-pravat-bebe-19.jpg

Токму затоа, овие 5 работи ќе ги разберат само мажите и жените кои сакаат скоро да станат родители.

1. Сексот престанува да биде игра и станува задача

Доволно долго „си игравте“, па сега не мислите дека родителството ќе дојде спонтано. Вашиот сексуален живот добива нов облик на спартанска дисциплина и должност на која мора да издржите без оглед на околностите. Сексот повеќе не ви е игра, туку задача која си бара испланирана акција.


2. Времето мора да се почитува

Веќе одамна се збогувавте со спонтаноста и точно ги знаете во кој дел од денот овулацијата е најсилна, кои се најдобрите пози за зачнување, па затоа никогаш не сакате да ги пропуштите овие термини. Дури и ако тоа значи секојдневен секс, пропуштање на родендени и прослави, стегнат распоред и лежење со подигнати нозе, без двоумење се согласувате.


3. Сексот ви е приоритет

И не затоа што ви е многу забавно и сте премногу расположени, туку затоа што имате една цел - да направите бебе. Ќе земете слободен ден, ќе откажете дружење и излегување, ќе го промените начинот на исхрана, ќе ги послушате сите лекарски совет и сè останато што ви делува разумно само за да ја постигнете целта.


4. Токму таа нова заедничка цел ве поврзува со партнерот

Само вие знаете како да се носите со задачата, без оглед на тоа што одамна не знаете што значи спонтаност и уживање. Сепак, и покрај набиениот распоред, успевате да се поврзете затоа што имате една единствена цел.


5. Додека за некои бебето е случајност, за вас е победа и успех

Делува ужасно неправедно што толку бебиња се раѓаат непланирано, а вие со месеци се обидувате да добиете плод на љубов. Затоа, кога еднаш ќе ви успее, чувствувате дека сте доживеале огромна победа. А тоа е многу позначајно од секоја жртва која сте ја правеле во изминатиот период.

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg