Воспитувајќи ја ќерка ми научив да го сакам моето тело

Сите мајки кои имаат ќерки се горди на своите девојчиња и потајно посакуваат да бидат нивна слика и прилика. Ова е една исповед од мајка која научила нешто за себе си и своето тело токму чувајќи ја и воспитувајќи ја својата ќерка.

ispoved-nauciv-da-go-sakam-moeto-telo-vospituvajkji-ja-kjerka-mi-01.jpg

„Иста е како тебе! Ова се секојдневните зборови кои ги слушам на улица додека купуваме намирници во супермаркетот.

И луѓето се навистина во право. Ги има моите очи, истата густа брановидна коса и полни усни. Мојата ќерка е љубопитна, друштвена, разиграна и неверојатно паметна. И така секојдневно се соочувам со тотални странци кои на улица ме сопираат и ми зборуваат како неверојатно си личиме една на друга, а да не зборувам за роднините, соседите и пријателите од кои со години ги слушам тие зборови.

Секое утро се будам со мислата, „Боже она е најпрекрасното дете кое некогаш сум го видела.“

Едно утро влетав во тоалетот за да се истуширам и да се подготвам за работа и во огледалото ги здогледав моите наслаги и масно ткиво. Погледот ме погоди како гром од ведро небо.

За некое време и мојата ќеркичка ќе стои пред огледалото и ќе ги презира своите дебели бутови и огромните стапала кои ги наследила од мене. Ќе размислува колку е дебела и одвратна, а можеби за момент ќе зажали и што се родила.

Незнам што е пострашно за мене, фактот дека ќе размислува дека е дебела и грда или пак што ќе се кае што некогаш сум ја родила.

Самата помисла дека ќе мисли така за себе, а не дека е преубава и прекрасна млада девојка, навистина ќе ме порази.

Да се биде мајка на момче е сосема поинакво искуство. Постои нешто помалку застрашувачко од тоа да се одгледува девојче.

Начинот на кој влегува во тоалетот и долго гледа како се дотерувам или како одбирам облека за тој ден, ми кажува дека сака да биде баш како што сум јас.

За разлика од мојот маж кој ме гледа бледо и незаинтересирано кога зборувам за шминка, козметика или облека, мојата ќерка го слуша секој збор и впива како сунѓер.

ispoved-nauciv-da-go-sakam-moeto-telo-vospituvajkji-ja-kjerka-mi-1.jpg

Тогаш сфатив дека луѓето се во право. Не можеш децата да ги одгледуваш како да ти се пријатели. Тоа е најголемата грешка која може да ја направите.

Едно попладне ја гледав ќерка ми како облекува преубаво фустанче и се упатува кон огледалото. Ниту се насмевна ниту пак помисли колку е убав фустанот. Ја направи истата гримаса која и ја ја правам додека го гледам во огледалото својот дебел стомак.

Почна со рацете да се стега околу стомакот. Сфатив дека сум и го уништила животот. Несвесно на својата ќерка сум и ја всадила пораката дека е иста како мене и дека го има истото одвратно сало и стомак како мене.

Единствениот начин да ја спасам неа е да се спасам прво себе си, но немам идеја како да го сторам тоа.

Се заљубив во човекот на мојот живот, се земав и родив здрави деца. Со текот на времето сум се здебелила. Како да го поправам тоа?

Јас сум личност која верува во моќта на хипнозата и позитивното размислување и токму затоа се одлучив секое утро да си кажувам позитивни зборови за моето тело.

На почетокот се чувствував како да се лажам себе си.

Си кажував: „Имам преубава коса. Моите гради се секси. Имам добри нозе“.

Цел ми беше да со докажам на себе си дека ако го сакам моето тело, ќе го сакаат и другите.

Како поминуваа месеците мојот позитивен став со текот на времето почна да дава резултати.

Пред неколку месеци размислував што да облечам и мојата ќерка радосно долета, ме прегрна околу стомакот и ми кажа дека ми е голем стомакот. Инстиктивно веднаш со пешкирот го покрив.

Во тој момент и се обратив на својата ќерка и и реков дека не е убаво да зборува така. Прашално ме погледна и сфатив дека воопшто и не знае што е тоа сало или што значи да се има голем стомак.

Оттогаш си забранив себе си да кажувам негативни зборови за изгледот на телото. Престанав да размислувам дека најубави жени се оние кои се слаби и имаат мали стомачиња.

ispoved-nauciv-da-go-sakam-moeto-telo-vospituvajkji-ja-kjerka-mi-2.jpg

Почнав да ја учам својата ќерка дека најубави луѓе се оние кои имаат брилијантен ум, кои се креативни, секогаш добро расположени, насмеани и со ведар дух.

Секој ден и кажувам на мојата ќерка дека е паметна, креативна и добра. Одново и одново.

Не постои стандард ниту критериум кои не прави убави. Тие стандарди ни ги наметнуваат медиумите.

Убави сме баш онакви какви што сме. Онака како што Бог не создал.“

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава