Една мајка раскажува: Штотуку родивте бебе? Вдишете длабоко и читајте...

За сите оние кои од неодамна го прошириле своето семејство со нов член – Штотуку родивте бебе!

za-site-onie-koi-dobile-nov-clen-vo-semejstvoto-01.jpg

Панталоните не ве собираат. Пробавте 17 различни пара и сè уште не можете да го најдете совршениот модел, а и речиси заплакавте во кабината за пробување. Завршивте само со еден пар широки панталони и маичка која ве збира.

Тоа е сосема во ред – не грижете се.

Штотуку родивте бебе!

Листата на завршени работи и обврски не ви е довршена – и нема крај. Загрижени сте за вашата иднина, за иднината на вашето малечко бебе. Дали имате доволно материјални средства? Не се концентрирајте премногу на тоа. Работите полека ќе си дојдат на место.

Штотуку родивте бебе!

Размислувате за тоа како ќе балансирате меѓу вашата работа од соништата, кој ќе ви помогне околу чувањето, колкаво ќе биде чувството на вина што го оставате вашето малечко бебе. Дали ќе бидат тоа вашите родители или ќе изнајмите дадилка? Нема потреба да се чувствувате виновно, бидејќи секому му е потребна помош и поддршка. Посебно во овие моменти.

Запомнете: Штотуку родивте бебе!

Внимавате на вашата исхрана и не сакате да завршите со брза храна. Сакате вашето бебе да цица најдобро и најквалитетно млеко. Посакувате 100 часови време од денот за да завршите со сите работи кои ги планирате. Не стигате да се депилирате, а посакувате совршено мазни нозе. Сакате доволно време за да го организирате и средите домот, а се е во мали играчки и мелодични кукли. Сакате да гледате филм, да се релаксирате во топла купка... И сосема во ред е да ги посакувате тие работи.

Посакувате да ги исполните вашите зацртани идеи и цели во глава. Да успеете да исполните барем една од нив. Додека уживате во малку чоколадо, си замислувате цели за кои воопшто не сте сигурни дека ќе ги остварите до крајот на година.

Ќе преживеете?

Преморени сте. Фрустрирани. Пресреќни. Заборавивте како изгледа квалитетниот сон. Благодарни сте. Исполнети... Среќни, но уморни. Нервозни, но смирени...

Сосема во ред во себе да имате каша од нови искуства, доживувања и емоции.

Штотуку родивте бебе!

Домот не ви е чист, имате недовршени работи, се заоставивте, но имајте на ум дека не сте херој од анимираните филмови.

Само што се породивте, не се обидувајте да го игнорирате тој факт.

Дозволете си да бидете неуредни, збркани, нервозни...

Не мора да одговорите на секоја електронска пошта, секоја покана. Не мора да се обидувате да ја доведете куќата во ред.

Препуштете се на сегашноста, на миговите кои поминуваат токму сега.

Ако ви се јаде крофна, слободно направете го тоа. Не ви се вежба? Никој не ве тера. Домот сè уште не блеска? Не мора.

И кога на крајот од денот ќе легнете и ќе размислувате за работите кои ви останале недовршени, потсетете се: Штотуку родивте бебе!

Релаксирајте се и препуштете се на овие среќни мигови.

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg