Дали летот со авион пречи на малите бебиња?

Ако имате бебе и стравувате дека е премногу мало за да се вози со авион, експертите ќе ве утешат со своите ставови.

dali-letoto-za-avion-preci-na-malite-bebinja-01.jpg

Доколку детето е здраво и вие сте закрепнале од породувањето, можете да летате и по две недели од породувањето по услов летот да трае не повеќе од два часа.

Предвремено родените бебиња и оние со проблеми со дишењето мора да почекаат малку повеќе пред првото авионско искуство.

Важно е да внимавате на фактот дека постојат ризици од настинки,вируси и грип, бидејќи ќе се наоѓате во затворена кабина, а бебињата кои имаат две недели се далеку поподложни на инфекции одошто 6 месечните.

Доколку го доите, ја намалувате подложноста на инфекции, бидејќи така се снабдува со потребните антитела.

Бебињата главно се непредвидливи посебно во првите две недели, па мајките мораат да имаат на ум дека постои и опцијата од силно плачење кое е безопасно, но им пречи на останатите патници.

Сè на се, експертите тврдат дека авионот не е опасен за новороденчињата, но најдобро е за патувањето да го одложите за 6 месеци, освен ако тоа не ви е неопходно.

Би можело да ве интересира:

„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Стара жена лежеше во болница, а син ѝ само прашуваше дали уште е жива - За станот. За документите“ Работата во болница го учи човек на многу работи. Со текот на времето учиш како ...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
10 реквизити за на училиште од TEMU - ќе им бидат од корист на децата (и родителите) Налепници со името за да си ги препознаваат своите работи, вежбанки за собирање,...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...

Најчитани неделава