Што им порачуваат мајките на ќерките?

Секоја идна мајка посакува да има ќерка. Кога ќерката ќе порасне, посакува да стане мајка и се разбира да има ќерка.

sto-im-poracuvaat-majkite-na-kerkite-01.jpg

Врските помеѓу мајките и ќерките се моќни и секоја, сама по себе е своја, единствена и уникатна.

 Запрашавме неколку мајки, чии ќерки веќе се омажени и имаат свои деца што е она што им го советуваат на нивните ќерки.

„Сакам мојата ќерка да знае дека животот е премногу краток и непредвидлив. Сакам да и порачам дека треба секоја минута треба да ја исполнува со радост, да дари многу љубов. Не само мојата ќерка, туку сите жени на светот треба да научат како да се сакаат себеси, пред се, потоа како да ги сакаат другите. Неизмерно! Таквата љубов секогаш е возвратена. “ – Љубица, 51 година

„Верувам дека секоја жена е поинаква. Така и мојата ќерка. Сакам да научи како да ужива во животот и дека не треба да посветува толку многу време и нерви на ситниците од работното место. Треба да посвети многу повеќе време на оние кои ги сака, да научи да ужива во животот и во моментите кои не се враќаат. “ – Зоре, 49 години

„Не само мојата ќерка, туку секоја девојка треба да знае дека понекогаш ќе и биде скршено срцето. Но, тоа се лечи. Некогаш со времето, некогаш со друг човек. И треба да знаат дека квалитетниот шопинг секогаш помага за да се ослободите од стресот и напнатоста. “ – Мери, 47 години

„Ете, ова никогаш не и сум го кажала на мојата ќерка, ама вака анонимно го споделувам. Сакам да комуницира со својот партнер, да разговара со него за нејзините радости, но и за нејзините стравови. Јасно да му каже што сака, а што не кога сексот е во прашање. Не сакам мојата ќерка за триесет години од сега да стане исфрустрирана жена. “ – Марија, 43 години

sto-im-poracuvaat-majkite-na-kerkite-02.jpg

„Јас сакам само мојата ќерка да разбере дека не треба секој ден да носи превисоки потпетици. За некоја година од сега ќе има проблеми со проширени вени и затоа е добро барем два пати во неделата да носи рамни чевли. “ – Виолета, 55 години

„Од малечка сакав да ја научам да се грижи за себе, да биде една убава и дотерана дама. Важни се посетите на козметичките салони, средената коса, секоја жена може да си дозволи барем два пати месецот да појде на фризер и лакот на ноктите секогаш да и одговара на облеката која ја носи.“ – Иванка, 50 години

„Сакам да и кажам на мојата ќерка дека секогаш треба да има поставено ручек на својата маса за сопругот и децата. Дури и да нема време да го приготви, може да го купи. Затоа што најважни се ручеците кога цело семејство е заедно на масата.“ – Кристина, 49 години

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години... Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители. ...
12 ситуации кои покажуваат дека секој ден како родител е нов предизвик, низ илустрации Кога бабите и дедовците ќе почнат трка за давање подароци, честопати е невозможн...
Пар од Србија, кој се прослави како контроверзен, направи детска кујна од палети за ќеркичката – со ... „Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав цел да не купиме ништ...
„Дали јас ги воспитувам децата или ТикТок?“ – Загрижени родители за новиот тренд со Dumpling играчки... „Дали навистина сакам моето дете вака да се „губи“ на ТикТок и во вистинскиот жи...

Најчитани неделава