Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од мајка на дете со церебрална парализа: Како изгледа кога го исмејуваат вашето дете?

Во современото општество опкружени сме со луѓе кои се одликуваат со различности - етничка припадност, религија, култура, обичаи, образование, физички изглед, ниво на образование, а постојат и луѓе со различни нивоа на попреченост во развојот.

edna-majka-na-dete-so-cerebralna-paraliza-do-site-majki-01.jpg

Некои луѓе сакаат да бидат во различни средини, додека други во таква средина не се чувствуваат пријатно.

Тоа главно зависи од фреквенцијата на движење помеѓу различните луѓе, од степенот на интеракција со различни луѓе, како и нашите ставови кон разликите. Важно е да се знае дека ставовите на родителите во голема мера влијаат на ставовите кај децата додека растат.

Што е толеранција? Толеранцијата е почитување, прифаќање и разбирање на богатата разновидност на нашите култури, обичаи, навики, образование, начинот на изразување ...

Толеранцијата е хармонија во разликата. Да се ​​биде толерантен не значи и толерирање на социјалната неправда или напуштање или пак ослабување на верувањата на другите луѓе.

Спротивно на тоа, да се биде толерантен значи да се биде слободен. Тоа значи да се прифати фактот дека човечките суштества, природно различни во нивниот изглед, вештини, околини, говор, однесување и вредности имаат право да живеат во мир и да бидат такви какви што се.

Толеранцијата не значи да се наметнат своите ставови на другите. Поимот различни, не значи полоши, туку различни. Да се види разликата, но да се види како позитивна!

Зошто треба да се охрабри толеранцијата помеѓу децата?

Толерантното или нетолерантното однесување не е вродено, туку тоа се учи, исто и емпатијата која е подлога на толеранцијата (разбирањето на другите и емоционална емпатија на нивната ситуација, состојба или проблем), моралните вредности, знаењата за основните човекови права кои постојат меѓу луѓето.

Така што, за нашите деца да можат да имаат успешна иднина, потребно е да им се дозволи да соработуваат со другите, различните од нив. Не треба да се плашите да ги пуштите децата да излезат од вашата/нивната удобна зона, зошто само така ќе мора да научат да ги разберат, почитуваат и ценат  другите и поинаквите.

Ако сакаме нашите деца да се чувствуваат безбедно и опуштено во различни животни околности, важно е да се развива и поттикнува отвореност и прифаќање на различноста.

Што треба да направат родителите за да ги научат децата на толеранција? Родителите се модели за своите деца, а моделот на учење е од суштинско значење. За децата треба да се создаде средина, атмосфера, каде што ќе се негува она што е позитивно и поинакво, посебно.

Размислете  за начинот на кој комуницирате или раскажувате за други луѓе. Дали е тоа одраз на толеранција? Не е, па затоа покажете почит за другите пред вашите деца и тие набрзо ќе го усвојат овој начин на однесување.

Децата слушаат и учат од родителите. Се разбира дека е потребно да се зборува со децата за разликите меѓу луѓето, но на учтив начин, да покажат почит кон нешто што е различно од она што детето го гледа само во својот дом.

Ќе се задржам малку за различностите од здравствени причини, т.е. да им објасните на децата дека меѓу нив има и други деца, кои се поинакви на ваков или онаков начин. Едни не гледаат, други не можат да слушаат, трети не можат да одат, да зборуваат, со еден збор за децата со посебни потреби.

Доколку сте ги научиле на толеранција, емпатија и разбирање на различностите во светот, нема да имаат никакви проблеми со прифаќањето на децата со посебни потреби.

Но доколку не, сигурно ќе се плашат од нив, ќе ги избегнуваат или ќе ги исмејуваат (во најлош случај), а тоа другите ќе ги боли. Замислете некој да го исмејува или чудно погледнува вашето дете? Ставете се во ситуација на родителите на децата со посебни потреби.

Уште додека се мали децата, треба да се учат дека и со куклата на која и се скршила ногата или раката треба да играат, а не да ја фрлат.  Таа кукла сè уште може да има место меѓу останатите играчки.

Барем една не фрлајте, оставете ѝм ја, така ќе им биде полесно кога ќе излезат надвор и кога ќе видат човек во инвалидска количка кој е без нозе. Да го разберат и сфатат, без да се плашат.

Кога ќе одите во прошетка со вашето дете, доколку сретнете родител кој турка инвалидска количка, не бранете му на вашето дете да го гледа, баш напротив, раскажете му што му се случило, направете му убава приказна во главчето за да му се роди емпатија за тоа детенце.

Учете ги на љубов и помагање на оние што не можат за себе да се грижат. Да ѝм помагаат и да ги прифатат различните од нив. Прифаќањето на различноста е исто толку важно за формирањето на личноста на детето, како и толеранција на различноста за успешно справување со современиот свет!

И за доброто на вашето дете се работи!

Автор: О. Д.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
„Дружете се со луѓе што имаат добар брак“ и уште 9 корисни совети за бракот „Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. А...
Омилениот татко на Инстаграм - чисти, готви и изгледа како грчки бог (фото) Има извајано тело и не го испушта бебето од раце, кој е таткото што ги освои срц...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Какви типови на модерни мајки постојат, низ илустрации Каков тип на мајка сте вие? Ќе се пронајдете ли во некоја од овие илустрации, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg