Трикови со кои ќе го надитрите детето кое пребира храна

Не е реално да очекувате вашето дете доброволно да јаде буквално сè што ќе му сервирате. За децата нормално е да бидат пребирливи кога станува збор за јадење. Некои имаат одбивност кон секоја нова храна, а некои пак по одреден период започнуваат да ја одбиваат храната која што до вчера ја обожавале.

trikovi-so-koi-ke-go-naditrite-deteto-koe-prebira-hrana-01.jpg

Пребирливоста е начин на кој што тие ја изразуваат својата независност и често не се должи на самиот тип на храна.

Затоа, ако го принудувате вашето дете да јаде нешто што тоа го одбива, ризикувате да добиете негативно однесување и давање на уште поголем отпор.

Наместо секој ден да водите борба со цел да ја јаде сервираната храна, обидете се на смирен, ненаметлив начин да го надитрите.

Вклучете го во подготовката и купувањето на храната. Кога сте во супермаркет, оставете го вашето дете да ги одбере зеленчуците и овошните плодови. Така ќе биде посклоно да ги проба кога ќе му ги послужите на масата.

Исто така, вклучете го во самата подготовка на јадењето. Кујната е одлично место каде што децата можат да дојдат во допир со зеленчуците и плодовите, за кои во други услови воопшто нема да се заинтересираат.

Нудете му една по една нова храна. Наместо да послужите повеќе нови јадења, послужете го омиленото негово јадење и ставете на масата нешто ново. Но, не ѝ ставајте голем акцент на новата храна. Оставете ја без да најавувате дека е нешто ново. Така ќе му побудите поголем интерес за да ја проба. Имајте предвид дека децата попрво би јаделе нешто што им е познато и што со сигурност знаат дека им е убаво, наместо да пробаат нешто ново. Затоа, бидете трпеливи.

trikovi-so-koi-ke-go-naditrite-deteto-koe-prebira-hrana-03.jpg

Не му придавајте големо значење на десертот. Доколку употребувате условување од типот „само ако изедеш сè во чинијата, ќе можеш да јадеш чоколадо“, вие му давате големо внимание на десертот и го правите еден вид награда. На таков начин му потскажувате на вашето дете дека десертот е највкусното нешто и тоа ќе го сака уште повеќе.

Отстранете сè што му го одвлекува вниманието. Додека сте на масата за јадење, исклучете го телевизорот, забранете ги играчките и во релаксирана атмосфера послужете го јадењето. Ако нешто му го одвлекува вниманието на детето, тогаш ќе имате проблеми да му го зачувате интересот за здравата храна што сте ја приготвиле.

Направете ја храната забавна. Исечете ги зеленчуците во различни големини и мешајте ги во различна боја. Купете зеленчуци во сите бои на виножитото и сервирајте ги заедно во една чинија.

trikovi-so-koi-ke-go-naditrite-deteto-koe-prebira-hrana-02.jpg

Направете ја храната повкусна. Не плашете се ако храната има повеќе калории. Не мора зеленчуците да ги приготвувате на пареа, затоа што така им се досадни на децата. Додајте путер или пак прелијте ги со вкусен сос. Неколкуте калории плус нема да му наштетат на вашето дете. Сепак, подобро е на таков начин да ја јаде здравата храна, отколку да не ја јаде воопшто.

Дајте му добар пример. Децата учат од своите родители. Ако вие ги одбегнувате зеленчуците, не очекувајте вашето дете да биде воодушевено кога ќе ги види. Сè што сакате тоа да јаде, треба да јадете и вие. Додека јадете напомнувајте му колку е вкусно и кажувајте му дека здравата храна ќе му помогне да порасне здраво, убаво и паметно.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...
„Јас сум традиционална сопруга и живеам преубаво - жените ќе бидат посреќни ако му се посветат на до... „Јас сум верник и, според Библијата, верувам дека жената е создадена да биде срц...
Забавни идеи за првоаприлски маски за вашите деца (ако сте малку покреативни) Овца направена од памук, изморена мајка со бебе во кенгур, дедо/баба, диџеј, Ајн...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...

Најчитани неделава