Што ако родителите ви ја оспоруваат врската?

Само што сте почнале нова врска и се чувствувате како да сте го пронашле човекот на вашиот живот со кого вреди да бидете засекогаш, а се судирате со еден од можеби најкомплицираните проблеми кои можат да се појават.

Sto-ako-vasite-roditeli-vi-ja-osporuvaat-vrskata-01

Оној кој е за вас претставува буквално сè, за жал, не им се допаѓа на вашите родители. Но, не треба да очајувате, проблемот како што настанал, така може и да се реши или да се доведе до граници да биде прифатливо за двете страни. 

Што да направите во таква ситуација?

1. Дајте им време

Иако можеби вашите родители на почетокот не ја прифаќаат вашата нова љубов, не значи дека нема да го променат своето мислење во иднина.

Не ги притискајте, бидејќи сепак тоа е процес низ кој треба сами да поминат и сами да го сменат своето размислување.

За тоа можеби ќе биде потребно време, но сепак ако тоа е човекот со кој би сакале да бидете во брак, го имате целото време на светот.


2. Разговарајте со нив

Родителите се оние кои што ви мислат најдобро, затоа добро е да ги ислушате пред да избрзате со вашите заклучоци.

Сигурно постои добра причина за нивниот став. Би било убаво да слушнете зошто токму вашиот избраник им е трн во око.

Тоа може да ви помогне да им дадете до знаење дека не го запознале доволно, а воедно ќе имате можност да им објасните колку сте среќни во таа заедница.


3. Разговарајте со вашиот партнер

Разговарајте со вашиот избраник и кажете му на што да внимава за да ја придобие довербата и симпатиите кај вашите родители.

Кажете му искрено што не им се допаѓа и секако ако тоа се проблеми кои можат да се надминат, можете заедно да работите на нив.


4. Истренирајте ја саканата личност

Ако знаете дека вашите родители се пребирливи и имаат специфичен вкус и не сакат непланирани испади, истренирајте го вашиот партнер пред тој да дојде во контакт со вашите родители.

Дајте му до знаење кои теми да ги избегнуа на заедничките средби и што сакат вашите родители. Би било добро на првата заедничка вечера, партнерот да се појави со букет цвеќе за вашата мајка и добро вино за вашиот татко.


5. Носете го/ја почесто дома

Ако вашите родители почесто го гледаат вашиот партнер, особено неговото однесување кон вас и неговото држење во секојдневните разговори, поверојатно е дека ќе го засакаат.

Целиот проблем може да биде решен, ако тој е почесто во животот на вашите родители.

Иако ова е болна ситуација во која не би сакале да се најдете, запомнете дека секогаш има излез. Најважно е да останете смирени и да ги почитувате вашите родители, да не избрзувате со погрдни зборови и постапки за кои подоцна ќе се каете.

Доколку сметате дека сте го нашле човекот на вашиот живот и сте потполно сигурни во вашата врска, светот ќе го види тоа, а и вашите родители исто така.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Со сопругата сакаме да ја дадеме 2-месечната ќерка на посвојување – не можеме да се грижиме за неа“ „Сопругата не се грижи за ќерка ни. Одлучивме да ја дадеме на посвојување“, глас...
10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами Наместо да му понудите на детето десетици игри кои свират од сите страни и брзо ...
Кои знаци укажуваат дека детето што ја удрило главата има сериозни повреди, според поранешна докторк... Кога се мали, децата често не внимаваат, па често може да им се случи да паднат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg