7 работи кои не сака да ги слушне ниту една жена која се бори со неплодност

За некои жени процесот доаѓа природно, па дури и непланирано, без којзнае колку труд и мака, но за огромен дел од популацијата зачнувањето бебе е предизвик.

7-raboti-koi-ne-saka-da-gi-slusne-nitu-edna-zena-koja-se-bori-so-neplodnost-01.jpg

Борењето со неплодност е исцрпувачка и пред сè интимна работа, а многумина понекогаш забораваат на доброто воспитување и ја преминуваат границата со невкусни прашања.

Свесно или несвесно, тие ја повредуваат идната мајка, а ова се 7-те работи кои не сака да ги слушне ниту еден пар кој се бори со неплодност:

1. „Само опушти се, ќе биде.“ Зарем мислите дека веќе не се обиделе да се опуштат? Повторувањето на овој совет како некоја мантра е прилично иритирачки и непотребен.

2. „Што знам, мене ми беше многу лесно да забременам.“ Не. Значи никогаш не ѝ го кажувајте ова на жената која очајно се обидува да забремени.

3. „Уживај и спиј додека можеш.“ Сте размислиле ли дека некои жени би останале ненаспани по цели ноќи, само за да ја почувствуваат среќата која вие веќе сте ја искусиле?

7-raboti-koi-ne-saka-da-gi-slusne-nitu-edna-zena-koja-se-bori-so-neplodnost-02.jpg

4. „Можеби треба да го смениш начинот на живот.“ Вообичаено, ваквите совети ги даваат оние кои најмалку се грижат за своето здравје.

5. „Еве, земи ги моите деца на една вечер да видиш како е.“ Тоа нема да реши апсолутно ништо.

6. „Секогаш имаш опција Ин-Витро.“ Секако дека има опција Ин-Витро, и таа е напорна, болна и скапа процедура. А, многу веројатно е дека парот веќе го пробал ова или секако го има веќе во опциите.

7. „Купи си куче.“ Бидејќи бебе и куче се едно исто, нели....?!

7-raboti-koi-ne-saka-da-gi-slusne-nitu-edna-zena-koja-se-bori-so-neplodnost-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава