Зошто само мајката мора да се грижи за децата? (видео)

Ова моќно видео открива зошто мајките и татковците заслужуваат повеќе време да поминуваат со своите деца после породувањето.

zoshto-samo-majkata-mora-da-se-grizi-za-decata-01.jpg

Во видеото, Нев и Лаура потенцираат дека во некои земји, посебно во Америка, многу се лоши условите за мајките кога треба да земат платено породилно отсуство.

Од друга страна, тука се и татковците кои многу често воопшто не можат да добијат отсуство, ако сакаат да се грижат за нивното новороденче.

Глобално, мајките добиваат во просек околу 106 дена платено породилно отсуство, а татковците само 7 дена.

Практично, како самата земја да вели дека одговорноста е само на жената, односно на мајката, да се грижи за детето.

Спротивно на ставовите со кои моментално се соочуваме, едно истражување во Шведска открива дека кога и татковците се грижат за децата посебно во првиот месец, децата се поинтелигентни.

Според истражување направено во Норвешка, ако таткото посебно се грижи за детето во првиот месец, истото ќе биде и далеку поуспешно на училиште.

Од друга страна, во земјите каде таткото може да земе слободни денови за да се грижи за детето, истото не се случува, бидејќи постои стигма околу тоа зошто мажот би требало да се грижи за детето.

Кога ќе се променат овие ставови?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава