Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали децата треба да ги казнувате и наградувате?

Луѓето често имаат различни ставови кога е во прашање воспитувањето на децата.

Kazna-i-nagrada-vospituvanje-so-dve-lica-01

Додека едни сметаат дека „ќотекот излегол од рајот“ и со негова помош ќе ги научите децата да бидат покорни и да ве слушаат, други целосно се противат на тоа и сметаат дека разговорот и објаснувањето на децата што е добро, а што не, ќе направат од нив мирни послушници на нивните барања.

Децата кои растеле по системот на награда и казна големи се шансите на крајот да прераснат во користољубиви и себични личности и воопшто да не развијат внатрешна мотивација која ќе ги тера да се движат наред во ситуациите каде не забележуваат директна награда за вложениот труд.

Или пак да развијат бунтовност кон која често се води со извршување на постапки, на сопствена штета, предводени само од тврдоглавост.

Кај ваквите деца воспитувањето е сведено на еден вид дресирање, па тие знаат што треба да направат за да ја добијат посакуваната награда.

Она што е уште поважно е дека тие воопшто не се свесни за тоа. Себичните луѓе не можат да забележат дека им недостасува великодушност, дека не ја почувствувале вистинската среќа на давањето, без да очекуваат нешто за возврат.

При средбите со великодушни луѓе, тие заклучуваат дека можат да ја искористат нивната наивност за остварување на сопствените цели и воопшто не го преиспитуваат тој концепт, бидејќи за нив великодушноста не е никаква позитивна карактеристика.

Концептот на казна и награда ја уништува внатрешната мотивација и ја канализира секоја човечка размена на ниво на его, а не на ниво на суштество.

Оградувањето од овој концепт бара многу труд и работа на себе за да се дојде со самоосвестување, до она што треба да го направиме за да излеземе од тој магичен круг каде нештата се ценат само според нивната материјална вредност.

Да дојдеме до степен во кој хуманоста ќе биде нешто кое ни доаѓа однатре, а не нешто кое го правиме пресметано за да можеме да се наречеме себеси добротвори или да добиеме почит во нечии очи.

Барајќи ја суштината на нашите постапки ќе сфатиме дека сето тоа се сведува на нашето его и храната со кое тоа е задоено. Кај концептот на награда и казна постигнувањата се бројат според тоа колку луѓе сте надминале т.е. сте „победиле“.

Самосвесните личности знаат дека единствениот човек од кој треба да бидат подобри се самите тие. Да бидат подобри од она што биле вчера, да го надминат она кое им претставувало тешкотија, да ги ценат своите таленти и способности и да не се откажуваат.

Затоа следниот пат кога ќе сакате да го примените овој концепт врз вашето дете добро размислете, можеби сосема не сакајќи вие му нанесувате поголема штета отколку корист.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бракот се менува по децата, но сакам тие да видат татко кој длабоко ја сака нивната мајка“ Бракот се менува кога ќе станете родители. Тоа е реалноста. Нема начин да се зао...
Грешки со кои родителите несвесно им создаваат траума на децата Немојте да мислите дека децата ви должат нешто бидејќи сте ги родиле и се грижит...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg