Фејсбук групи - место каде се растат децата денес!

„Ти не знаеш моето дете колку е паметно! Умниче на мама! Најумно, најубаво, цвет на мама!“ 

Moeto-dete-e-najubavo-i-najpametno-01.jpg

Типична приказна од мајките на денешницата. Пожртвувани, со уста полни фалби.

Им недостасува само малку скромност и мал допир со реалноста, а ниту една нема да ви го признае тоа.

Не е важно што нејзиното дете не е ниту нешто посебно паметно, ниту пак најубаво.

Таа во главата ќе му го всади тоа по секоја цена, па оди разубеди ги подоцна дека не е така, откако штетата веќе е направена.

Убаво е да им се дава поттик и поддршка на дечињата. Не е убаво кога по секоја цена ги буткате напред и ги лажете за нивните квалитети.

Таа лоша услуга започнува од раѓање. Здраво, право и убаво бебе го претворате во нежен деликатен цвет, со сите ваши истражувања на интернет, со сите советувања по Фејсбук групи и виртуелни форуми.

Ги имате сите можни доктори наместени на брзо бирање на телефонот. На прашањето зошто сте толку опседнати, грубо возвраќате со: „Ама ти не знаеш, роди па ќе те видам!“.

Никого немате трпение да сослушате, вие сте првата и последната мајка на светот. Вас не ве роди вашата мајка, вие не бевте израснати на нормален начин, со температури, сипаници и мачкано лепче на улица додека игравте.

Нови бебиња, нови правила. Сега се купуваат четки од специјални влакна за чешлање на нежната бебешка коса со 5 влакна.

Сега дечињата мора да пијат исклучиво флаширана вода со специјални додатоци за правилен развој и раст.

Сега се внимава на органска храна, на глутен, на чоколатца кои се на црната листа.

И погубно е, како покрај сета нега и притресувања, дечињата ви се пак болни, неиздржливи и со слаб имунитет.

И еве ги, кревки мали душички тргнуваат на училиште. А таму започнува уште поголемиот хаос.

Вистинска арена на одмерување на силите. Кој има поскапа облека, кој носи подобар ранец. Кој каде летувал, дали знаеш да скијаш?

„Те носат твоите во Банско? Не си бил никогаш? Леле ама си смотан!“

Неодамна дознав дека прославата на детски роденден – брканица со некакви ласери изнесува вртоглави 15 евра од дете! 900 денари само за едно дете.

Свадбарско мени има поевтино. Не се зафркавам.

„Па што дека, ако имаат, зошто да не платат и уживаат?“

Леле браво! Каков сјаен аргумент! Сериозно, секоја чест. Сами размислете ја длабочината на ова мизерно објаснување, од што нема што попаметно да се каже.

Македонија е полоша од Њу Делхи, ама сака да глуми Њујорк од таквите како вас.

Не е важно што вашето дете не е талентирано за јазик, спорт или инструмент.

Ќе оди на сите три и точка. Затоа што сите одат. Затоа што не може да заостанува.

Не е важно што е мизерно и несреќно, не сака дополнителни активности...

Вие ќе го убедите дека е супер, дека е најдобро, додека самото не поверува во тоа и не почне да ги убедува и другите околу него.

Наместо квалитет, создаваме медиокритет. Па уште и се гордееме со тоа.

Нови и нови генерации самоуверени и неспособни деца, а вие само мантрајте си:

Моето дете е најдобро, моето дете е најспособно.

Се надевам дека барем малку сте свесни колку сте во заблуда, бидејќи во спротивно – е дупло потажно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...

Најчитани неделава