Зошто градинката е вистинскиот избор за вашето дете?

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-01.jpg

International Kids Academy советува:

Поголем број родители денес се наоѓаат во дилема, дали детето да го запишат во Градинка? Дали да најдат дадилка која што би го чувала, но не би му овозможила адекватна едукација, најсигурно е да го остават во рацете на бабата, која што ќе му пружи неизмерна љубов, но од друга страна “сe” ќе биде дозволено...

1. Можете ли како сопственик на International Kids Academy а воедно и доктор за многу кратко време специјалист да ни откриете зошто токму Градинката е вистински избор за детето?

- Градинката е место на вистинска воспитно - образовна едукација, која што одговара на развојниот период и возраста на секое дете индивидуално на потребите на детето како психофизички така и емоционално, социјално, когнитивно. Таа е место на другарување, социјализација, размена на емоции, љубов и разбирање. Место во кое детето се чувствува исполнето дали поради одлично завршената активност, дали поради остварување на ново пријателство, или поради учење на англискиот јазик или прекрасно организираниот час по тенис или балет на кој што покажале одличен резултат.

- Како сопственик на International Kids Academy можам да истакнам дека секоја година се повеќе родители се одлучуваат да ги запишат своите деца во градинка уште од најрана возраст и да му обезбедат на детето адекватен почеток во најчувствителните години од животот кои што претставуваат основа како за формирањето на карактерните особини така и за формирањето на здравите навики.

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-1.jpg

2. Важите за Градинка која што овозможува детето да се пронајде себе си во сите развојни аспекти, кажете ни како го постиигнувате тоа?

- Градинката International Kids Academy се наоѓа во спортскиот Центар “Борис Траковски” и е единствена градинка од ваков тип во Државата. Со тоа што се наоѓа локациски блиску до Кејот на реката Вардар и градскиот Парк исто така ги користи и огромните капацитети кои што ги нуди Спортскиот Центар како што се: сали за вежбање фудбал, кошарка, одбојка, пилатес, куглана, лизгалиште, аква парк, базен, тениски терени како часови по балет. За децата секој ден е забавен и различен, а родителите се спокојни дека не треба да одвојуваат дополнителни срдества како и дополнително време за да го реализираат целиот концепт.

3. Интересен е фактот што Вашата програма се изведува на англиски јазик, во целокупниот период од денот односно не се само часови по англиски јазик кои што траат еден или два часа во текот на денот, зошто токму баш таков пристап?

- Децата во раната возраст имаат огромни капацитети на примање и обработка на информациите и верувајте тие се како сунгерчиња кои што можат да апсорбираат се што ќе видат и слушнат.

- Искуството покажува дека учењето, односно слушањето на англискиот јазик во времетраење од осум (8) или повеќе часови дневно во период кога децата се одморени и способни да примаат нови информации не е воопшто еднакво како и учењето на англискиот јазик во времетраење од еден или два часа дневно во период кога детето е изморено во попладневните часови од целокупните активности во текот на денот, тоа е сосем јасен и логичен след на настаните, а резултатите се во целост видливи.

- Во International Kids Academy децата се стимулираат да го употребуваат англискиот јазик преку различни активности, игра, преку извршување на основните барања и потреби, водени од лиценцирани воспитувачи со одлично познавање на англискиот јазик во целост посветени на потребите и барањата на децата.

4. Единствени сте и по употребата на “Light Box” таблите за сензомоторен развој, од каде произлезе идејата за такво нешто?

- Играњето со светлината е игра која што ги освојува не само децата туку е интересна и за возрасните. Играта со светлината потекнува уште многу одамна во Италија, а токму ние поседуваме специфични табли кои што ја пренесуваат светлината (Light Box Table) за нивно користење се потребни специфични материјали кои што се набавени надвор од Државата. Суштината на активностите е:

Зголемување на концентрацијата кај децата, со тоа и зголемување на умствените капацитети, сензо – моторна едукација и подобрување на фината моторика, подобрување на координацијата око – рака, подобрување на визуелните капацитети, итн.

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-2.jpg

5. International Kids Academy е дизајнирана по најнови ултра – модерни трендови, безбедни за децата, ја нарекуваат Шарениот Детски Свет, зошто е тоа така?

- International Kids Academy е место кое што започна со многу љубов и труд и е специфично дизајнирано за потребите на децата, светлите, весели бои секогаш будат насмевки на детските лица. Направена е по сите стандарди и е потполно безбедно место за децата. Антибактериските подови и прочистувачи на воздух се одлична надополна на здравствената безбедност и грижа, кои што се составен дел на градинката уште од самиот почеток.

- Сите аспекти за безбедно и здраво детство се остварливи кај нас, имаме одлично мени приготвено од врвен шеф, а транспортот на храна е единствен и апсолутно безбеден, единствени сме во Државата кои користиме специјално возило кое што поседува сопствена регулација на температурата на храната во моментот на нејзиниот транспорт а писмените податоци укажуваат за тоа на која температура е транспортирана храната секој ден. Здравјето на децата секогаш е на прво место.

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-3.jpg

6. Што би им препорачале на родителите кои што се во мисла дали би го заштитиле детето од разболување доколку го одложат запишувањето во Градинка?

- Како родител, мајка на две мали деца а истовремено и доктор по медицина морам да истакнам дека потполна заштита на детето од разболување не постои, она што од искуство можам да го кажам е дека во International Kids Academy инциденцата на разболување е далеку пониска бидејќи сме градинка од мал капацитет односно вкупно можеме да примиме 50 дечиња.

- Со тоа што поголем период од денот секојдневно поминуваме во физички активности било да е времето убаво или и кога временските услови не дозволуваат да одиме надвор во International Kids Academy имаме можност да користиме затворени сали за вежбање, куглана итн. Гледајќи од здравствен аспект со тоа успеваме статистички инциденцата на разболување да ја намилиме или минимизираме.

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-4.jpg

7. Би сакале ли да им дадете уште некој корисен совет на младите родители?

- Би сакала да ги охрабрам и поттикнам да ги стимулираат децата да ги достигнат нивните максимални капацитети, преку посета на градинка во раното детство. Социјализацијата, стекнувањето на вештини, познавањето на англискиот јазик, вербата во самите себе дека можат се да постигнат доколку се посветени, се знаења кои што ќе им останат засекогаш врежани во животот и ќе ги направи подготвени да се соочат со новите предизвици и да ги дочекаат со широко отворени раце, тоа е највредното и најубавото нешто кое што можете да му оовозможите на Вашето дете, објаснува сопственикот на International Kids Academy Др. Елена Нововиќ.

За сите дополнителни информации можете да ја посетите Facebook страната

zoshto-gradinkata-e-vistinskiot-izbor-za-vasheto-dete-5.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg