Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што им се случува на бебињата во стомакот, ако мајката пуши цигари?

Иако штетното влијание на цигарите е доста познато, тоа не ги спречува луѓето да престанат да пушат цигари, и да ја откажат таа грозна навика. Некои жени одат до тие екстреми што пушат додека се бремени, и притоа тврдат дека пушењето неможе да му наштети на процесот на развој на неоформениот фетус.

sto-se-slucuva-so-bebinjata-vo-stomakot-na-majkata-koja-pusi-cigari-3

Докажано е дека пушењето во текот на бременоста има сериозно загрижувачки ефект врз накачување на ризикот од предвремено породување, проблеми со дишењето кај бебињата и намалена телесна тежина.

Во ново истражување, надгледувана е бременоста на 20 жени од кои 16 не пушеле цигари, а 4 пушеле во просек по 16 цигари на ден. Направени се ултразвуци кај сите 20 жени помеѓу 24-тата и 36-тата недела од бременоста.

sto-se-slucuva-so-bebinjata-vo-stomakot-na-majkata-koja-pusi-cigari-1

На сликата во горниот ред се бебиња кои биле изложени на директно внесен чад од цигари, а во долниот се ултразвуци од бебиња чии мајки не пушеле цигари.

Во ова истражување откриено е дека пушењето има сериозно влијание врз мобилноста на фетусот. Тоа може да придонесе до сериозни нарушување во развојот на нервниот систем кај фетусот.

Независно дали бебињата се сè уште сигурни и скриени во стомакот на мајката или се веќе родени, децата на мала возраст никогаш не треба да бидат изложувани на чад од цигари. Кај новородените деца тоа може да придонесе до појава на синдром на ненадејна смрт, и понатомошни проблеми поврзани со чести настинки, астма, и различни видови на инфекции.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани... „Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
„35 години сум во брак - за што се каам и што би направила поинаку?“ Многу жени сфаќаат дека некои работи во бракот би ги направиле поинаку ако имаат...
Рани знаци на аутизам кои родителите треба да ги знаат Ако бебето не покажува интерес кога му зборувате и ако до првиот роденден не про...
Тренди или проблематично: Детски соби, играчки и облека за деца во неутрални бои Многу мајки се согласуваат дека овој тренд е досаден, па дури и опасен, зашто се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg