Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 работи кои никогаш не смеете да му ги забраните на своето дете

Според психолозите доколку во животот на децата поставите одредени ограничувања тие се чувствуваат посигурни и посмирени. Но, истовремено некои забрани може да го ограничат нивниот развој и дечињата да станат мошне несигурни во себе.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-01_copy.jpg

За да не се случи тоа и вашите деца да го искористат целиот свој потенцијал додека се истовремено задоволни и среќни, прочитајте ги следните 8 работи кои никогаш не смеете да му ги забраните на своето детенце:

Да не поставува прашања

Малечките се љубопитни и сакаат да го истражуваат светот. Некои имаа помалку, а некои дечиња многу прашања. И просто се неуморни. Сакаат одговори, а не одбивања, намуртени погледи или пак лаги.

Па колку и да сте уморни после работа пронајдете малку време да одговорите на сите прашања на вашето малечко. Моментите кога разговарата, читате или си играте со нив помагаат детето да се развие побрзо и подобро, но исто така формирате силна врска исполнета со комуникација и искреност.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-1.jpg

Да не плаче

Силно да се растажат е подеднакво нормално за децата како и кога се смеат. Не му забранувајте на детето да плаче со остар тон и закани. Наместо тоа седнете и смирено обидете се да ја решите ситуацијата и да разјасните зошто плаче и како може да се поправи тоа.

Особено погубно е кога родителите инсистираат синовите никогаш да не пуштат солза затоа што се машки.

Да не биде скржав

Вашето дете, колку и да е малечко, има право да располага со своите играчки онака како што смета дека треба и како што сака. Слично како и возрасните кои прават што сакаат со своите работи. Никогаш не велете му дека е мал скржавец, а особено не ја започнувајте реченицата со „Погледни каков скржле си, сите ти се смеат“.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-2.jpg

Да не прави врева

Не им забранувајте на децата да пеат, да се смеат, да бидат нучни и гласни додека играат на улица или дома со другарчињата. Бидејќи детството е едно, трае многу кратко и не се повторува никогаш повеќе.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-3.jpg

Да не се плаши

Вашето дете можеби има страв од доктор или забар што е сосема нормално за дечиња на одредена возраст. Наместо строго да му забраните да нема страв без никакво појаснување, внимателно објаснете му зошто нема потреба од страв и дека тој е нормална појава, но вие сте тука покрај него и сé ќе биде во ред.

Да нема тајни

Како што децата растат потребата за приватност расте еднаквопропорционално. Секако дека треба д аимате одредена контрола врз нивниот живот, но не и бесрамно кришум да ги читате нивните дневници, мејлови или да имате лозинка од нивниот Фејсбук.

Довербата кое детето ја чувствува кон вас е бесценета и не ја уништувајте со вашата опсесивна контрола или љубопитност. Секој има право на тајни.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-4.jpg

Да не чувствува гнев и нервоза

Секое дете е личност сама за себе и слично како и возрасните и тоа има право да чувствува негативни емоции: гнев, нервоза, љубомора. Можете да му објасните дека ваквите емоции не се баш пожелни, дека се негативни и го разоруваат умот, но не смеете да му ги забраните.

Тоа може да се чувствува онака како што сака и ги доживува работите.

Да го нарекувате бавен или несмасен

Некои деца не се соочуваат добро со притисок и кога ги брзате тие прават грешки. Децата се исто така особено чувствителни кога постојано ги навредувате поради нивната детска трапавост или несмасност како извалкана маичка или скинати панталони.

Бидете особено трпеливи со дечињата и обидете се поголемиот дел од работите да ги свртите на шега или смирено да му објасните да биде повнимателно во иднина.

8-raboti-koi-nikogas-ne-smeete-da-mu-gi-zabranite-na-svoeto-dete-5.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Грешки со кои родителите несвесно им создаваат траума на децата Немојте да мислите дека децата ви должат нешто бидејќи сте ги родиле и се грижит...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg