Мајка своето породилно отсуство го користи за пат околу светот со новороденчето (фото)

Оваа млада мајка е подготвена за предизвиците што ги носи патувањето со новороденче.

anglichanka-svoeto-porodilno-otsustvo-go-koristi-za-pat-okolu-svetot-so-novorodencheto-foto-01.jpg

Карен Едвардс (32) од Англија, одлучи своето 1-годишно породилно отсуство од работата како медицинска сестра да го искористи за патување во 10 земји заедно со својот сопруг Шон, 3-годишната ќерка Есме и новородениот син Квин.

Таа го сторила истото и по раѓањето на ќерката Есме. Карен вели дека целото породилно отсуство не ѝ е платено, но пресреќна е што нејзината професија овозможува породилно отсуство од 12 месеци.

Со сопругот ја издале под наем нивната семејна куќа уште кога Квин имал само 9 седмици и продале голем дел од работите за да си ја овозможат оваа авантура.

Карен вели дека овојпат патувањето е малку потешко затоа што сега се со две деца, а нивната ќерка Есме е преполна со енергија.

Карен води блог за оваа авантура наречен „Travel Mad Mum“ и притоа споделува совети и препорачува продукти за сите родители, кои одлучуваат да тргнат на пат со своите бебиња.

Блогот го стартуваше во 2015, кога тргна на пат со првото дете, а на Инстаграм профилот има повеќе од 93.000 следбеници.

„Минуваме прекрасно време како семејство заедно и се навикнуваме дека сега сме ново семејство, со еден член плус“, изјави таа.

Пред поаѓањето Карен се консултирала со доктор, кој ѝ препорачал дека најдобро време за патување со бебе е кога тоа уште цица млеко од мајката, затоа што тогаш неговиот имунитет е најдобар.

Тајланд, Камбоџа, Јужна Африка, Шпанија и Куба се само дел од земјите што ги посетиле досега.

Еве како изгледа нивната семејна авантура:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“ „Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогат...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава