„За последен пат“ - Емотивен текст посветен на сите мајки

Моментите кои ги поминуваме со децата се незаборавни и ни остануваат во срцето и сеќавањето за цел живот.

za-posleden-pat-emotiven-tekst-posveten-na-site-majki-01.jpg

Но, за жал, тие не траат засекогаш и треба да го искористиме секој период од животот максимално, бидејќи ништо нема да се повтори. 

Никогаш нема да се вратат моментите од детството, па затоа вреди секоја минута помината со нив, без разлика на уморот кој моментално го чувствуваме.

Овој емотивен текст ќе ве потсети токму на тоа и ќе допре до срцето на сите мајки:

Во моментот кога ќе го земете вашето бебе во рацете, веќе никогаш нема да бидете исти.
Можеби ќе ја посакувате личноста која бевте порано, кога имавте слобода и време и ништо посебно за што треба да се грижите.
Ќе го запознаете уморот како никогаш претходно и деновите постојано ќе ви бидат исти,
исполнети со хранење и подригнување, плачење и борење, дремки и недостаток на сон.
Ќе ви изгледа како да сте влегле во круг без излез.
Но, не заборавајте...
За сѐ постои последен пат.

Ќе има периоди кога ќе го храните бебето, за последен пат.
Тоа ќе заспие во вас после долг ден и тоа ќе биде последен пат кога ќе го држите во раце заспаното дете.
Еден ден ќе го носите на колковите, па ќе го научите да седи и веќе нема пак да го кренете како порано.
Една вечер ќе му ја миете косата во бањата, а веќе следната ќе посака да се бања само.
Ќе ви ја држи раката за да помине преку улица, а потоа никогаш веќе нема да ја побара.

Ќе ви се прикраде во собата за да се гали во текот на ноќта, и некогаш тоа ќе биде последна ноќ да ве разбуди од оваа причина.
Едно попладне ќе пеете детски песни заедно и ќе си играте, а потоа никогаш повеќе нема да ги пеете тие песни.
Ќе го бакнете пред училиште за да има убав ден, а следниот ден ќе побара да оди само до училиште.
Некогаш, за последен пат ќе му читате приказна за добра ноќ.
Некој ден, ќе трча кон вас со кренати раце за последен пат.

Работата е во тоа што, нема ни да знаете кога е последен пат,
Сѐ до моментот кога веќе нема да се случува тоа, па дури и тогаш,
Ќе ви биде потребно време за да сфатите.

Па затоа, додека ги доживувате овие моменти и додека се повторуваат,
Запомнете дека се многу малку и дека кога ќе ги нема, ќе копнеете за само уште еден ден,
За последен пат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава