Писмо од снаата: „Драга свекрво, фала ти за мажот што си го израснала!“

Мајка, сопруга и снаа одлучи да ѝ напише емотивно писмо на свекрвата. Најмногу од сѐ, благодарна ѝ е што таа е жената која го родила и воспитала нејзиниот прекрасен партнер.

pismo-od-snaata-draga-svekrvo-fala-ti-za-mazhot-shto-si-go-izrasnala-1.png

Драга свекрво,

Ова сум го кажала многупати, но одново ќе го повторам. Навистина сум среќна што баш ти си моја свекрва. Се сметам себеси за среќничка, бидејќи се вљубив во маж кој доаѓа од фамилија што е преполна со љубов. Денес сум благословена што и јас можам да ја наречам своја.

Секојдневно сум благодарна поради постојаната поддршка што му ја даваш на нашето семејство. Благодарна сум за твојот добар вкус кога обираш облека за внукот, затоа што изгледа како мал господин. Благодарна сум и за нашите интимни разговори. Се радувам кога неочекувано ќе нѐ посетиш, па во можност сме насамо да си помуабетиме.

Меѓутоа, постои уште една голема причина поради која сум ти благодарна, бидејќи ми го промени животот. Морам да ти се заблагодарам за начинот на кој си го израснала својот син.

pismo-od-snaata-draga-svekrvo-fala-ti-za-mazhot-shto-si-go-izrasnala-2.png

Во моментот кога патиштата ни се вкрстија, тој веќе беше независен и одговорен млад дечко. Брзо се вљубив во него. Мислам дека е вистинита старата поговорка. За мажот може да одредиш каков е човек, според тоа каков е кон сопствената мајка. Отсекогаш ми беше јасно дека син ти негува најголема почит кон тебе. Од старите фамилијарни снимки, фотографиите од детството и она што тој ми го кажуваше, дознав и дека сето време сте имале посебна врска. И верувам дека ова го обликувало во човекот што е денес.

Фала ти што си го сакала, што си верувала во него и што си поставила темели на кои се изградил себеси.

Фала ти што си израснала син кој мисли, живее и сака со отворено срце. Неговата безрезервна љубов ми помогна подобро да се разберам и почитувам самата себе.

Фали ти што си израснала син кој е самостоен, одговорен и организиран. Ме подучи и мене за продуктивноста и посветеноста, сите овие години дури сме заедно. Никогаш нема да го заборавам моментот кога за првпат го видов неговиот стан. Бев воодушевена колку сѐ беше уредно и чисто. Начинот на кој го почитуваше просторот, многу говореше за тоа како е воспитан.

pismo-od-snaata-draga-svekrvo-fala-ti-za-mazhot-shto-si-go-izrasnala-4.png

Фала ти што си израснала син, кој на веста за „непланираната“ бременост, реагираше сталожено и милно. Маж што ме држеше додека плачев, вчудовиден како јас што бев шокирана, кога се појавија „двете линии“.

Фала ти што си израснала син, кој без тронка колебање ми кажа дека тоа е најдоброто нешто кое можело да ни се случи. Маж што ми ја покажа неверојатната сила, баш во миговите кога ми беше најпотребна.

Фала ти што си израснала син, со кого зачекоривме напред кон бременоста и родителството, без ниту еднаш да погледне назад. Маж кој гледаше документарни филмови за породување со жената. Маж кој ме толерираше кога читав книги за мајки и деца, сфаќајќи ја бременоста со иста сериозност како и јас.

Фала ти што си израснала син, кој стоеше покрај мене и ми помогна да го донесам на свет нашиот син. Фала ти што си израснала син, кому не му беше страв да го земе штотуку роденото дете во раце, па да ми го предаде мене нашиот нов член на семејството.

Фала ти што си израснала син, на кого татковството му e животен повик. Тој навистина е рамноправен родител. Не можам да го замислам родителството без него – без да ги споделиме подемите и падовите на ова патување.

pismo-od-snaata-draga-svekrvo-fala-ti-za-mazhot-shto-si-go-izrasnala-3.png

Фала ти што си израснала син, кој може да ја остави гордоста настрана, па сериозно да поразговара со мене. Да дискутираме како сме „одиграле“ во одредена ситуација, па да направиме „стратегија“ за следниот пат. Неговата способност да комуницира со мене на толку длабоко ниво, секојпат ни ги подобрува родителските способности.

Фала ти што израснала син, кој наутро ми праќа мотивирачки пораки, кога и да на работа или во животот не ја гледам светлината. Маж кој знае кога ми се потребни неговите зборови и прегратки.  

Момчето кое ти си го израснала, сега е силен и љубезен човек. Полн со поддршка и разбирање. И татко без конкуренција. Секогаш ќе ти бидам благодарна поради убавиот почеток што си му го дала во животот, како и поткрепата да стане мажот кој е денес. Мажот што го љубам.

pismo-od-snaata-draga-svekrvo-fala-ti-za-mazhot-shto-si-go-izrasnala-5.jpg

Покрај благодарноста, ти ветувам дека секогаш ќе се грижам за твоето дете. Ќе го поддржувам, како што и тој ме поддржува мене. Ќе верувам во него, како што и тој верува во мене. И ќе му бидам најдобрата мајка на нашиот малечок син.

Ќе му го дадам цело свое срце – засекогаш.

Со љубов,

Твојата благодарна снаа 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава