Дали може да се напиете чашка алкохол додека го доите бебето?

За време на бременоста, жените се советуваат да не консумираат алкохол, бидејќи постојат неколку ризици за новороденчињата. Влијанието на алкохолот врз развојот на детето ги плаши мајките кога станува збор за доење и за пиење алкохол.

Dali-moze-da-se-napiete-caska-alkohol-dodeka-go-doite-bebeto-01.jpg

Мајките најчесто добиваат контрадикторни совети и коментари во врска со ефектите на алкохолот врз мајчиното млеко.

Со раѓањето на детето, неопходно е да се воведат одредени промени во вашиот начин на живот. Еден од нив е да го оставите алкохолот додека не помине периодот на доење. Сепак, дали е ова целосната вистина дали чаша или две може да ќе ви наштетат?

Судејќи според Американската академија за истражување на педијатри, со ограничена и минимална употреба на алкохол, нема да се случи ништо страшно. Еве и зошто:

Истражувањата покажуваат дека еден до два пијалаци нема да му наштетат на детето. Сепак, треба да имате мерка за тоа колку алкохол внесувате во зависност од вашата тежина.

Количината на алкохол која би ја испиле зависи од бројот на вашите килограми. Доколку имате 60 kg, препорачаната дневна доза на алкохол се максимум 2 пива или пак 200 ml вино.

Покрај ова, добро е по испивањето на чашка алкохол да почекате 2 часа, со цел процентот на алкохол во млекото да биле минимален.

Помалку од 2% од алкохолот остануваат во крвта и млекото, а во рок од еден до два часа тој речиси целосно исчезнува. Ова сепак зависи и од личноста како и внесот на храна во текот на денот, тежината и другите физички карактеристики.

Секогаш имајте ја на ум возраста на бебето, бидејќи новороденчињата имаат неразвиен црн дроб, така што ефектот е поголем, без оглед на количината на алкохол.

До 3-месечна возраст не се препорачува воопшто да се експериментира со алкохолот и деликатниот бебешки организам, додека откако ќе наполнат три месеци, малите количини на алкохол не се одразуваат на нив.

Истражувањата, исто така, сугерираат дека алкохолот во млекото влијае на сонот на бебето, бидејќи малите количини на алкохол имаат корисен ефект врз нивните навики за спиење.

Сепак, не се препорачува секојдневно консумирање или надминување на дозволениот максимум, затоа што повеќе пијалаци на дневна основа го намалуваат развојот на моторните вештини кај бебињата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава