Тајни за вашето дете кои наставниците може да ги знаат, а вие не

Иако вие сте му најблиски на вашето дете, сепак тоа може да скрие некоја тајна од вас или едноставно вие да не забележите нешто.

tajni-za-vasheto-dete-koi-nastavnicite-mozhe-da-gi-znaat-a-vie-ne-01.jpg

Но, не залудно наставниците во училиште ги нарекуваат втори родители, бидејќи и тие поминуваат многу време со нив, а посветуваат внимание на нивното однесување, како и на учењето и размислувањето.

Па така, тие некогаш може да знаат некои работи кои вие не ги знаете, а можеби и не сте се ни посомневале.

Секако, тоа не е нешто страшно, но добро е да знаете и да бидете свесни што е тоа што наставниците и останатите вработени го знаат, а вие можеби не, според анонимни изјави.

Вашите деца некогаш сакаат да зборуваат со некого за семејните проблеми кои не ги разбираат

„Мислите дека тоа што се случува дома, секогаш останува дома? Слушаме за вашите финансиски проблеми, за кавгите и проблемите со зависности. Понекогаш знаеме премногу за секого.“

tajni-za-vasheto-dete-koi-nastavnicite-mozhe-da-gi-znaat-a-vie-ne-02.jpg

Децата доаѓаат на своето кога не се со вас и ги покажуваат повеќе своите квалитети

„Вашето дете е многу помалку срамежливо и подобро отколку што мислите.“

Да, децата ве лажат. Дури и оние кои се примерни и ги имаат сите 5-ки

„Не ми кажувајте дека вашето дете никогаш не ве лаже. Сите деца прават грешки, а одлични ученици се најчесто оние кои најмногу се плашат да им кажат на родителите дека ја утнале работата.“

Вашите деца посакуваат да не сте толку „сезнајковци“

„Вашето дете мрази кога се правите експерт на секое поле. Мрази и кога мудрувате за спортот. Верувам дека многу деца сакаат да спортуваат или прават некоја активност која нивните родители не ја разбираат за да не можат да им паметуваат толку многу.“

tajni-za-vasheto-dete-koi-nastavnicite-mozhe-da-gi-znaat-a-vie-ne-005.jpg

Од некои причини, вашите деца го избегнуваат и прескокнуваат учењето многу често  

„Повеќето деца не поминуваат толку време на учење и пишување домашни како што кажуваат. Многу често помислувам дека тој час кога работат со мене е единствениот час во кој се посветиле на предметот.“

tajni-za-vasheto-dete-koi-nastavnicite-mozhe-da-gi-znaat-a-vie-ne-03.jpg

На вашето дете може да му недостасуваат многу основни животни вештини

„Децата порано излегуваа надвор и си играа после училиште и си ги решаваа сами проблемите. Денес со компјутерите, телевизорите и мобилните, тие немаат основна вештина за комуникација. Не знаат како да ги преболат тешките чувства и проблеми без да се пожалат кај наставникот за ние да им ги решиме.“

Вашите деца може многу лесно да го губат вниманието и концентрацијата

„Во денешно време многу е тешко да се одржат децата фокусирани. Има ученици кои си пишуваат пораки на час или играат игри на телефон  на одморите, наместо на часовите да слушаат, а на одморите да си комуницираат меѓусебно очи во очи.“

tajni-za-vasheto-dete-koi-nastavnicite-mozhe-da-gi-znaat-a-vie-ne-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава