Прашања кои треба да им ги поставите на вашите баба и дедо за да научите некои животни лекции

Ако не сте знаеле, може да се изненадите од тоа колку биле богати животите на вашите баба и дедо и од тоа какви искуства поминале во животот.

prashanja-koi-treba-da-im-gi-postavite-na-vashite-baba-i-dedo-za-da-nauchite-nekoi-zhivotni-lekcii-01.jpg

Од нив може да се научат многу работи за животот, а за тоа се потребни многу разговори и прашања.

Доколку не знаете од каде да почнете, ви нудиме листа со прашања кои треба да им ги поставите, а од одговорите може да откриете многу за нив и да ви останат врежани спомени како и животни лекции.

Од банални прашања до посериозни теми – не чекајте времето да помине и искористете го моментот за никогаш да не се каете што сте ја пропуштиле шансата.

Прашања чии одговори од вашите баба и дедо (или од родителите) ќе ви бидат водич низ животот:

1. Како го правиш најомилениот семеен рецепт?

2. Какво ти беше детството?

3. Каква е твојата медицинска и генетска историја?

4. Како ја запозна љубовта на твојот живот?

5. Како ѝ служеше на земјата?

6. Дали имаш некои нереализирани соништа?

7. Што правеше во тинејџерските денови?

8. Што си постигнал/а во животот и што поседуваш?

9. Како се сменил светот низ годините, од твои очи?

10. Кои биле твоите најсреќни моменти?

11. Какви беа мајка ми/татко ми кога биле мали?

12. Кои традиции најмногу сакаш нашето семејство да ги продолжи?

13. Каков бил твојот работен живот?

14. Што сакаш твоите пра-правнуци да знаат за тебе?

15. Каква улога играле парите во твојот живот?

16. Се сеќаваш ли на твојот омилен одмор?

17. Која е единствената работа која би ја направил/а поинаку?

18. Кои биле/се твоите најдобри пријатели?

19. Какви ти се целите за иднината?

20. Кажи ми некоја животна лекција која сакаш да ја научам од тебе?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Како од мали да ги научите децата да го сакаат учењето и да бидат снаодливи? Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се ...
Не го прашувајте детето „Како си помина на училиште?“ - 14 подобри прашања за да дознаете „Што те насмеа денес?“, „Дали некој направи нешто неочекувано?“… Зошто овие праш...
Колку се сменија бабите и дедовците во последниве 30 години (низ забавни илустрации)? Некои современи баби и дедовци честопати водат толку активен и исполнет живот, ш...

Најчитани неделава