Зошто Адам Сендлер е еден од најдобрите татковци во Холивуд?
Тој ги воспитува своите деца сосема поинаку од другите „големи холивудски фаци“. Сака само да израснат во нормални, добри луѓе полни со почит кон другите.
Адам Сендлер со својот шарм и забавните улоги е еден од најпрепознатливите холивудски ликови. Познат е како релаксиран актер со кој е лесно да се соработува.
Токму таков релаксиран пристап има и кон родителството.
И додека другите ѕвезди сакаат од своите деца да направат познати и богати личности, Сендлер само сака да направи од нив добри и љубезни луѓе.
Какви родителски тактики применува Адам Сендлер:
Тој ѝ е огромна поддршка на сопругата и внесува хумор во нивното секојдневие како кога се родило едно од нивните деца и по првото доење Адам ѝ се обратил на сопругата: „Душо, одлично хранење. Браво, квалитетно млеко!“
Има две прекрасни ќерки и вели дека главна цел му е да им биде комфорно кога минуваат време со него.
-->
-->
Постојано ја остава отворена вратата од спалната соба за децата да знаат дека секогаш е тука за нив.
-->
„Отсекогаш посакував да бидам татко и не знаев дека е толку забавно да имате бебе во домот“, изјави Адам во една пригода.
Кога ги носи децата на училиште нивните соученици го доживуваат како Дедо Мраз, сите се околу него и тој вели дека се чувствува кул поради тоа.
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

9 ситуации во кои мајките и татковците реагираат сосема различно, низ илустрации
Мајките повеќе се лутат кога децата прават хаос во домот, а татковците, прво ќе ...

Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики
„Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Гол...