Интересни нешта што им се случуваат на родителите кои добиле трето дете

За првото сте апсолутни незнајковци, за второто мислите дека сте нешто поподготвени, а кога доаѓа третото се чувствувате како професионалци во оваа област.

interesni-neshta-shto-im-se-sluchuvaat-na-roditelite-koi-dobile-treto-dete-01.jpg

Но, дали е навистина така?

Откако ќе ги надминете коментарите како „алал да ви е како успевате“ или „ви се воодушевувам на нервите“, следува делот кога почнувате всушност да разбирате што сакале да ви кажат.

И да, станувате свесни дека всушност цело време сте знаеле што доаѓа.

Ако сте родители на три деца, сигурно ќе се согласите дека:

1. Никогаш не мислевте дека сè ќе минете одново

Бебе си е бебе, без разлика дали е прво, трето или петто. Тоа бара да биде нахрането, избањато, да биде чисто, односно во ништо не се разликува од постарите браќа и сестри.

Разликата е што вие сте нешто повозрасни отколку првиот пат и можеби ви доаѓа да заплачете и вие кога ќе го чуете како плаче среде ноќ.

2. Мислевте дека лесно ќе преминете од две на три

Кога го добивте второто дете ви беше шок затоа што имавте двојно повеќе деца од претходно. Сега соодносот е помал, но тоа не е нешто олеснително, бидејќи „полудувате“ за тројца.

interesni-neshta-shto-im-se-sluchuvaat-na-roditelite-koi-dobile-treto-dete-03.jpg

3. Имавте помало чувство на вина отколку кога го добивте второто

Кога ви се роди второто дете се плашевте како ќе успеете да балансирате меѓу двете и имавте грижа на совест кога повеќе внимание посветувавте на помалото.

Откако го добивте третото, иако тешко ќе го признаете тоа, ви олеснува што постарите се имаат едно со друго за меѓусебно да се занимаваат.

4. Нештата со партнерот станаа покомплицирани

Требаше да верувате кога ви велеа дека колку повеќе деца имате, толку повеќе години ќе поминат додека повторно да си се посветите целосно еден на друг.

Исто така, бабите и дедовците потешко се нафаќаат да чуваат три, наместо едно или две.

5. Стандардите и принципите „фрлете“ ги низ прозорец

До пред некоја година имавте нерви секој подарок да го виткате во украсна хартија и да ставите панделка? Сега бидете среќни ако успеете да најдете соодветна хартиена кеса. Ако одевте на одмор со еден ранец и се храневте по киосци и ресторани, сега треба да понесете најмалку два куфера со детска облека, цела торба со лекови „за секој случај“ и дел од храната доволна за „пет усти“.

Пристигнување навреме? Можеби, ако токму пред вратата не сфатите дека имате истурен сок во чевлите.

interesni-neshta-shto-im-se-sluchuvaat-na-roditelite-koi-dobile-treto-dete-02.jpg

6. Нештата излегуваат од контрола пребрзо

Животот не може да ви биде тивок ниту со едно, а со три бучавата е многу поголема. Едноставно, навикнете се на прекорувачките погледи кога во продавница едното ќе се расплаче без причина, второто ќе вреска по чоколадо, а третото ќе плаче затоа што плачат и другите две.

7. Едно помалку е како годишен одмор

Кога-тогаш ќе се случи најстарото да биде на училиште или кое било од нив да е на гости или на курс. Иако нема гласно да го признаете тоа, многу поедноставно е кога барем едно не е тука. Помалку бучно е, а двете што се дома полесно се согласуваат отколку кога сите се на куп.

Уживајте во овие мигови и не дозволувајте совеста да ве гризе. За неколку часа повторно сите ќе бидете дома и настапува хаосот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава