Во светот се раѓаат сè помалку бебиња

Наталитетот од 1950 година до денес е опаднат речиси на половина.

vo-svetot-se-ragjaat-se-pomalku-bebinja-01.jpg

Едно ново истражување објавено во магазинот Lancet открива дека половина од земјите во светот немаат доволно бебиња за да си го одржат бројот на население.

Значаен пад на наталитетот е забележан од 1950 до денес.

Порано жените во светот во просек раѓале 4.7 деца, а сега таа бројка е речиси преполовена на 2.4 деца.

Се разбира, разликата од земја до земја е драстична, па така во Нигерија жените имаат во просек 7.1 деца, додека во Кипар се одлучуваат за 1.

vo-svetot-se-ragjaat-se-pomalku-bebinja-02.jpg

Главната причина за намалување на наталитетот е достапноста на средствата за контрацепција и сè поголемиот професионален ангажман на жените.

Во некои земји ситуацијата е стигната дотаму што бројот на населението ќе почне да опаѓа.

vo-svetot-se-ragjaat-se-pomalku-bebinja-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ми велат да си го оставам детето да плаче, додека тие трчаат да утешат пријател во солзи - јас одлуч... Ни велат и да не го успиваме детето во раце, додека тие се туткаат покрај партне...
Драг мажу... Жал ми е што го добиваш она што останало од мене на крајот на денот, исцедена... „Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натега...

Најчитани неделава