Славни мајки кои не можеле или не сакале да ги дојат своите деца

Клое Кардашијан (34)

Уште една сестра од фамилијата Кардашијан по првпат стана мајка годинава. Ќеркичката Тру со партнерот Тристан Томпсон ја добија во месец април, а веќе во јули, Клое Кардашијан се огласи на Твитер дека престанала да ја дои. Со жалење призна дека тоа едноставно не функционира за нејзиното тело, а одлуката да прекине тешко ја поднела на емоционален план.

Додаде и дека има цел тим од експерти и специјалист за лактација, кои се потрудиле да продолжи со доењето, но кога е таа во прашање, ова не ѝ одговара. Подоцна продолжи со покажување на омиленото шишенце на бебенцето, како и апаратот што во иднина ќе ѝ ги олесни деновите при подготовката на млеко.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-7.jpg

Џесика Алба (37)

Холивудската убавица е мајка на три деца и со сите имала различни искуства, ама ниту едно не протекло без проблеми. Најголем предизвик ѝ претставувало враќањето на работа, во моментот кога синoт барал дваесет и четиричасовна грижа. Воедно, со него и лактацијата ѝ била драстично намалена.

По раѓањето на првата ќерка имала највеќе млеко, но таа го одбивала. Втората ќерка сакала да се храни, но тогаш веќе количински ѝ се намалило производството. А, со третото дете, пак, млекото било недоволно за прехрана на бебето. После три недели, Џесика Алба го прекинала доењето, преминувајќи на комбинирана формула. 

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-8.jpg

Адел (30)

За време на еден од нејзините концерти, британската пејачка јавно проговоре против страшниот притисок што се врши врз новопечените мајки да си ги дојат децата. Адел призна дека ѝ самата имала потешкотии да го храни синот Анџело по деветте недели.

Вели дека искуството е тешко и не за секого, а посведочила и за мајки кои добиле постпородилна депресија заради споменатите притисоци. Кога повеќе не можела да го дои бебето, музичката ѕвезда ја исплашила помислата дека би можело да умре во други околности. Немала повеќе млеко.  

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-9.jpg

Џулијана Ранчиќ (44)

Телевизиската водителка е уште славна жена која искористи сурогат за да си ги оствари соништата за мајчинство. Џулијана Ранчиќ и сопругот Бил страдале заради проблемите со неплодноста, наспроти обидите со години да зачнат бебе заедно, како по природен пат, така и со вештачко оплодување.

Таа доживеала и спонтан абортус, по што ѝ беше дијагностициран рак на дојките, па мораше да се подложи на двојна мастектомија. Оттука, сосема е јасно зошто доењето не е опција во нејзиниот случај. Синчето Едвард пристигна на свет во 2012 година, а родителите ги документираа најсреќните мигови во специјално реално шоу.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-10.jpg

Џесика Бил (36)

Дури и богатите мајки што можат да си ги дозволат најдобрите дадилки и консултатни за лактација, неретко имаат проблеми со доењето. Една од нив е и актерката, која во бракот со пејачот Џастин Тимберлејк го доби синот Силас. Џесика Бил сподели дека имала големи потешкотии со обезбедувањето добри количини на квалитетно млеко, како и самиот процес на хранење на бебето.

За среќа, во пресрет ѝ излегла дадилката Кони Симпсон, која со години важи за миленичка на ѕвездите. Таа ја уверила дека адаптираното млеко понекогаш е она што им е неопходно подеднакво на мајките и децата. 

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-11.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...

Најчитани неделава