„Добрите татковци ги сакаат мајките на своите деца“ – што уште прават добрите татковци за своите деца?

Татковците кои се полни со љубов се самопожртвувани и ги заштитуваат своите деца. Многу пати сме зборувале за мајчинската љубов, но како да ја занемаруваме онаа на таткото, а тоа е секако погрешно.

Dobrite-tatkovci-gi-sakaat-majkite-na-svoite-deca-01.jpg

Таа е подеднакво важна. Таа е исто толку моќна, истовремено силна да помести планини, и нежна да го стопи и најтврдото срце.

Што всушност прават добрите татковци за љубовта кон своите деца?

Добрите татковци ја сакаат мајката на нивните деца

Ја сакаат безрезервно, но уште поважно – ја почитуваат мајката на своите деца. Без разлика дали станува збор за брачна заедница или пак парот е разведен, почитта кон мајката на децата треба да биде приоритет, нешто на кое децата ќе се угледуваат.

Добрите татковци сакаат безусловно

Сепак, безрезервната љубов не значи да се поттикнува лошото однесување. Таа е фер и правична, а децата треба да се чувствуваат сакано и безбедно, без оглед на нивните избори од типот на љубовни, верски, политички или сексуални.

Добрите татковци се веќе пораснати

Да, тие повеќе не се деца. Деца веќе има во куќата, она што им е потребно освен некој што ќе си поигра со нив одвреме-навреме е да биде мудар авторитет, некој кој ќе ги носи одлуките и ќе дава добри совети, некој на кого ќе може да се потпрат.

Добриот татко е оној кој е присутен

Сепак, во денешното време тоа е навистина огромен предизвик. Но, дури и да сте само 5 часа дома, не сметајќи го спиењето нели, добрите татковци квалитетно ќе им се посветат на своите деца. Не, нема да зјапаат во екранот од ТВ или мобилниот телефон, тие навистина ќе бидат тука и целосно присутни и посветени на децата.

Добриот татко е оној кој дисциплинира

Оној што знае кога децата погрешиле, што знае да ја постави невидливата црвена граница која не смее да се поминува. Оној кој ќе има доволно срце и да ги казни децата, бидејќи е свесен дека само на тој начин тие може да научат нешто од своите погрешни постапки.

Добрите татковци го цени образованието

Тој не им чита сувопарно на децата, тој чита заедно со нив. Тој не дава коментари за ниските оценки, туку помага да се поправат. Тој се интересира за образованието на своите деца и е инволвиран во школските и воншколските активности. Бидејќи знае колку образованието е важно за своите деца.

Добриот татко ги учи да преземаат одговорност

Колку и да е тешко понекогаш, да признаеш дека си погрешил, да се извиниш, да побараш прошка, добриот татко ќе ве наведе на ваквото однесување, бидејќи тоа е правилно.

Тој ќе ви покаже што значи да се биде доблесен и да се преземе одговорност, дури и кога тоа изгледа тешко и практично невозможно.

Добриот татко дозволува да заминете

Да, и покрај бескрајната љубов тој не е себичен, не може и не сака да ве задржи покрај себе. Сака да го истражите светот, да видите и искусите што е можно повеќе. Сака да бидете среќни и нема да ви ги скрати крилјата по цена да останете засекогаш покрај него. Добриот татко знае кога треба да ве пушти да си одите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg