До оној што го изгубив пред воопшто да го имам...

Многу доцна дознав дека постоиш. Се радував за тебе едвај два месеца. Но, не ми беа малку да се навикнам на идејата дека во мене си ти, дека си дел од мене, дека си под моето срце... Дека си мојот син.

do-onoj-shto-go-izgubiv-pred-voopshto-da-go-imam-001.jpg

Се израдував кога дознав дека постоиш, иако навистина бев изненадена и не те очекував. Немаше никакви знаци кои би ми дале до знаење порано дека си тука.

Можеби да знаев немаше да се качам на брод за крстарење, ниту да скокам од палубата директно во морето. Ќе ги паузирав тренинзите.

Можеби и ќе размислев дали воопшто да патувам, можеби ќе внимавав повеќе и на исхраната и на себе, ќе се поштедев од многу стресови и ќе ги чував и нервите и имунитетот.

Сепак, кога дознав дека си тука, бев среќна. Бевме среќни. Беа поминати веќе 12 недели, изгледаше дека се е во ред. Се двоумевме меѓу две имиња. Беше навистина добар син, не ме измачи ниту еднаш со претерани симптоми и ти бев многу благодарна за тоа.

Се грижев да можам да ја работам работата без пречки. Денеска се мразам себе поради тоа. Барем еден знак да можев да препознаам. Дали ќе успеев да го спречам она што подоцна се случи?

А, многумина ти се радуваа. Сите знаеја дека постоиш, но јас бев единствена што го чувствуваше тоа. Твоите мрдања, се радував секогаш кога ќе ги почувствувам. Сè до еден ден во декември, кога сфатив дека се ретки. Следниот ден уште поретки... Потоа пак беа тука.

А прегледот дури на трети јануари. Но, нема проблем. Мрдаше. Тоа беше најважно.

Но, на Нова година веќе знаев дека нешто не е во ред. Се плашев. Сакав да мрднеш, да те почувствувам, да знам дека си уште со мене. Кој ќе ги чека уште следните два дена.

Му кажав на татко ти за загриженоста, ми вети дека нема зошто да се плашам... Но, имаше.

Матна плодова вода. Нема срцева реакција. Одиме во болницата, подобар е апаратот, тука можеби е грешка. А таму, само го потврдија она што веќе го знаев.

Ми се врти. Сè е матно и како во некое бунило да сум. Паника. Бараат вена кај мене на раката, а јас се чувствував како крв да немам во себе. Гледав како ги подготвуваат инјекциите и системот кои треба да помогнат да излезеш од мене.

Не сакам да се сеќавам на тие моменти на агонија, кога знаев дека ме напушташ на секој можен начин. Дека нема да си отидам со тебе дома.

Да можев, ќе направев сè што е во моја моќ да те оживеам, да останеш уште, да ги истуркаме тие месеци до крајот на мај. Слушам што зборуваат. Ќе се чека патолошки наод. Резултатите не се знае кога ќе стигнат.

Се убедував себе дека за некој ден ќе бидам добро, дека ако доволно блокирам, ќе заборавам. Но, тука беше лактацијата да ме потсети дека постоеше.

Моето тело не можеше да знае дека те немам ни видено, а не пак да треба да те хранам. Лекови, инјекции, болки, солзи... Најлесно беше да спијам. Секогаш кога имав криза, спиев. Кога го мразев животот, спиев. Кога ги мразев сите околу мене, исто така заспивав.

Сакав да бидам сама. Уште сакам да бидам сама.

Два месеца беа доволни да те сакам како ништо досега. Два месеца не се доволни за да преболам што те изгубив. Но, она што никој никогаш не може да ми го одземе е фактот дека ти постоеше.

Никогаш нема да те заборавам, иако не ни успеав да те запознаам.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава