13 фрази кои најдобро опишуваат што значи да се биде родител
Бебињата не доаѓаат на свет со прирачник за тоа како да се справите со нив, и ако размислите малку повеќе, да беше така, немаше да имате што да раскажувате кога тие ќе пораснат.

Секако, постојат безброј начини да се едуцирате на тема родителство, но воспитувањето на децата е процес кој е различен за секое семејство. А што значи да се биде родител, знаат само тие кои веќе се.
И токму тие ќе се пронајдат во следните реченици:
- Секогаш ги бакнувате своите деца за добра ноќ, дури и ако веќе спијат.
- Не постои такво нешто како совршен родител, доволно е само да се биде вистински.
- Да решите да имате дете е како да решите да се истетовирате на лицето - мора да бидете сигурни дека го сакате во тој момент.
- Децата ги откриваат местата во вашето срце за кои не сте ни свесни дека постојат.

- Кога вашето дете ќе стане тинејџер, земете си куче - тоа сигурно ќе биде среќно што ве гледа.
- Децата од вас бараат да ги сакате такви какви што се, наместо да се обидувате да ги поправите.
- Од децата може да научите многу работи. На пример, колку трпение имате.

- Не може да знаете како еден родител го сака своето дете, сè додека вие самите не станете.
- Не постои ниту еден начин да бидете совршен родител, но постојат милион начини да бидете добар родител.
- Родителството нема правила - токму тоа го прави толку тешко.

- Можеби не можеме да ја подготвиме иднината за нашите деца, но можеме да ги подготвиме нашите деца за иднината.
- Родител си тогаш кога твојата исхрана подразбира недојадени оброци.
- Силата на родителот е поголема од природните закони.
А. Ш. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата
„Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г...
1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“
„Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“
„Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации
Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес?
Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...